Филм & ТВ

HBO направи шега на своја сметка за Starbucks чашата во сцена на „Game of Thrones“

7. мај 2019 - 12:32 | А.С.

HBO реши со хумор да се справи со една од најголемите продукциски грешки што се случиле во осумте сезони на суперпопуларната серија „Game of Thrones“.

Откако еден фан со „око соколово“ забележа дека е заборавена чаша на Starbucks, еден од најпознатите синџирири со кафулиња на светот, во сцена од четвртата епизода насловена „The Last of the Starks“, интернетот експлодира од реакции, шеги и мудрости на сметка на продукцијата што две години ја снимаше осмата и последна сезона од серијата.

Затоа, HBO реши да ја среди ситуацијата со шега на своја сметка, односно се приклучи на тролањето:

„Кафето што се појавува во епизодата е таму по грешка. Денерис имаше нарачано чај“, шеговито се одбрани компанијата во соопштението објавено вчера, еден ден откако се емитуваше епизодата.

Во мејлот на уметничкиот директор на „Game of Thrones“ Хок Рихтер до списанието Variety, тој вели дека не е невообичаено да се заборават предмети на сет што не треба да бидат таму и завршуваат на снимка што влегла во конечната монтажа на филм или ТВ-серија.

„Се забораваат предмети на сет“, напиша тој. „Од ова се направи ‘од мравка слон’, бидејќи досега се нема случено нешто вакво во Game of Thrones.“

Претпоследната епизода од епската серија ќе се емитува во недела.

Коментирај