Huawei ги претстави новите Mate 30 модели, ни збор за Google

Кинескиот технолошки гигант Huawei ги претстави своите најнови премиум смартфони од серијата Mate 30.

Настанот во Минхен привлече многу внимание, особено имајќи предвид дека фотографии со изгледот и спецификациите на новите модели излегоа неовластено пред промоцијата, а компанијата се соочува со забрана за користење на Google апликациите.

Извршниот директор за потрошувачки производи на Huawei, Ричард Ју, на почетокот на настанот нагласи дека продажбата на Huawei смартфоните ширум светот, од почетокот на годината, бележи раст од 26%.

Промоцијата почна со објаснување на иновативниот дизајн на камерите на телефоните, по урнек на класичните фотоапарати.

Huawei Mate 30 и Mate 30 Pro го содржат новиот чипсет HiSilicon Kirin 990 што беше претставен на саемот IFA во Берлин, со процесор со интегриран 5G модем.

Mate 30 Pro има заоблен Horizon Display, што е 6,53-инчен Flex OLED дисплеј. Mate 30 доаѓа со поголем, рамен 6,62-инчен екран.

На задниот дел на двата уреда има систем од четири камери сместени во кружен модул, за кои и овојпат беше задолжен германскиот производител Leica.

Системот камери се состои од: 40MP Cine Camera сензор, 40MP SuperSensing Camera,Telephoto камера од 8 мегапиксели и 3D Depth Sensing камера. Камерите имаат опција за 3X оптичко и 30X дигитално зумирање, додека вкупниот „хибриден“ зум е 45X.

Huawei Mate 30 и Mate 30 Pro имаат батерии со капацитет од 4.200 и 4.500 mAh, со можност за безжично полнење од 40W и супербрзо безжично полнење од 27W.

Телефоните се достапни во шест бои: Black, Space Silver, Cosmic Purple, Emerald Green и две Vegan Leather верзии.

Во Минхен беа претставени и ексклузивните модели Huawei Mate 30 RS Porsche Design. Уредите се обложени со кожа, достапни во црна и црвена боја, во комбинации со 12GB RAM и 512GB простор за складирање податоци.

На крајот на презентацијата, Ричард Ју напомена дека на идните корисници на уредите Mate 30 им стојат на располагање Huawei Mobile Services и AppGallery, како и Fully Open HMS Ecosystem (HMS - Huawei Mobile Services), но не рече ни збор за оперативниот систем Android, ниту за Google Play Store.

реклама

Мухамед Зекири со сопругата и ќерката се хоспитализирани со COVID-19

Read more

90 проценти од новозаболените во Скопје потекнуваат од 15 фамилии

Read more

Целосен викенд карантин за Скопје, Штип, Куманово и Тетово, делумен за остатокот од земјата

Read more

Објавено уште едно видео од бруталното однесување на полицијата кон Џорџ Флојд

Read more

Мобилни

Vivo ја најави серијата Х50

Read more

Honor ќе го претстави новиот смартфон Play 4 Pro

Read more

Како би можело да изгледа Galaxy Note 20?

Read more

Xiaomi подготвува смартфон на преклоп со ротирачки камери?

Read more

Гик

  • play_arrow

Гејмерски рекорди кои најверојатно никогаш нема да бидат срушени

Читај повеќе

Колку смисла имаат тестовите на антитела на коронавирус?

Читај повеќе

Сепак следат сѐ што правиме онлајн - Google пред тужба за нарушување на приватноста

Читај повеќе

Научниците открија: Овде воздухот е најчист во светот

Читај повеќе
  • filter

HP го претстави новиот лаптоп Omen 15 наменет за гејмери

Читај повеќе

Русите сакаат да делат превоз во вселената со Американците

Читај повеќе
  • filter

Vivo ја најави серијата Х50

Читај повеќе

Кинески радиотелескоп наскоро ќе бара вонземјани

Читај повеќе

SpaceX во орбитата ќе лансира нови Starlink сателити

Читај повеќе