И денес редици од македонски граѓани за вакцинација во Србија

Во спортската сала во Врање и денеска има голем број граѓани на Северна Македонија за вакцинација, јави дописникот на МИА од Белград.

Поради големиот интерес на македонските граѓани за вакцинација без закажување пред спортската сала во Врање поставени се чадори и резервоар за вода. Редици се формираа веднаш по отворањето на главниот пункт за вакцинација, а поради гужвата деновиве, бројот на медицински работници во спортската сала е зголемен.

Бесплатната вакцинација за македонските граѓани почна на 5 јуни и ќе продолжи во наредниот период, соопштија од Здравствениот центар во Врање. Оттогаш, според нивните податоци, вакцинирани се 2.218 граѓани, односно над 3.323 од почетокот на имунизацијата, што претставува повеќе од 10% од вкупната вакцинација во Врање. Вчера, бројот на вакцинирани граѓани од Северна Македонија беше 692 лица.

– Оваа акција ќе продолжи и во наредниот период, истакна директорката на Здравствениот центар во Врање, д-р Љиљана Антиќ. Информира дека најмногу се вакцинираат со вакцините на Sinopharm, а во помала мера со Pfizer.

Покрај Врање, бесплатната вакцинација денеска продолжи и во Ниш. Како што јавија „Нишке вести“, пред салата „Чаир“ има ред на македонски граѓани за вакцинација.

Од Здравствениот центар во Ниш потврдија дека вакцинацијата ќе продолжи и во наредните денови. Повеќето од македонските граѓани се одлучиле да ја примат вакцината на Pfizer.

– Секој ден очекуваме меѓу 50 и 100 лица од Македонија. Во моментов, нема гужва и ако се појави поголем интерес за вакцинација, ќе ги засилиме тимовите, изјави Милорад Јеркан, директор на Здравствениот центар во Ниш.

Голем број Македонци се очекуваат за десет дена кога треба да пристигнат за ревакцинација оние што пред три месеци се вакцинираа со вакцината на AstraZeneca.

– Сите оние кои пред три месеци беа да ја примат AstraZeneca треба да дојдат од 18 до 21 јуни на ревакцинација. Тоа е акцијата кога Регионалната стопанска комора организираше вакцинирање на македонските бизнисмени. Тогаш очекуваме 5.700 луѓе. Никој што ќе дојде од Македонија, нема да биде вратен без вакцина. Важно е само оптоварувањето на здравствените домови во Лесковац, Врање и кај нас, да биде рамномерно, порача директорот на Здравствениот центар во Ниш.

Вчера, Регионалната стопанска комора на Крушевац организираше вакцинирање на 100 вработени од компанијата Kromberg & Schubert од Северна Македонија.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе