Идеја за ручек: Компири полнети со мелено месо

Компири полнети со мелено месо, а потоа прелиени со сос од домати, па сѐ заедно испечено во рерна - идеален семеен ручек за кој сите ќе ви бараат рецепт.

Меленото месо и компирот се две намирници без кои вистински домашен ручек не може да оди на нашата трпеза. А кога ќе се спојат во едно јадење, ќе добиете вистински гурмански ручек за прсти да излижете. Полнетите компири со мелено месо, печени во рерна во сос од зеленчук, се толку вкусни што сите ќе бараат репете.

Потребни состојки:

  • 1 кг мелено месо
  • 6 компири
  • 2 главици лук
  • 3 моркови
  • 400 мл пасирани домати
  • 500 мл булјон од зеленчук
  • 1 јајце
  • 400 гр презла
  • 1 лажичка бибер
  • 2 лажички мелена пипер
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка мајчина душица
  • ким
  • маслиново масло
  • сол
  • кујнска сол

Подготовка:

Меленото месо зачинете го со кујнска сол, бибер, мелена пиперка, мајчина душица и ким, па додадете презла, јајце и еден ситно сечкан лук. Добро замесете ја смесата, поклопете и оставете во фрижидер на еден час. Компирите излупете ги и варете ги 30 минути во солена вода на тивок оган. Кога компирите ќе бидат готови, ставете ги на две секунди во ладна вода, исушете ги и со лажица внимателно издлабете им ја средината за да направите место за меленото месо. Секој компир наполнете го со топка мелено месо. Од преостанатото мелено месо формирајте ќофтиња и направете им вдлабнување во средината, а потоа нив наполнете ги со остатоците компири кои претходно ги извадивте за нив да ги направите шупливи.

Сосот подгответе го така што главицата лук и морковот ќе ги динстате на малку маслиново малсо за да омекнат (околу 10 минути). Додадете го булјонот од зеленчук и доматното пире. Зачинете со бибер, сол и оригано. Гответе го сосот 5 минути на тивко. Готовиот сос турете го во тава или ватростална чинија и на него распоредете ги полнетите компири и полнетите ќофтиња. Премачкатје ги со малку маслиново масло и посипете ги со црвена пипер. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 35 минути.

Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Рецепти

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе