Идеја за ручек: Макарони со кашкавал, кељ и сланина

В неодоливиот вкус на потпечената паста со кашкавал и сланинна вметнете кељ кој изобилува со здрави состојки.

Вака подготвените макарони имаат богат сос од кашкавал и се попрскани со парчиња сланина. Овде кељот дава совршен додаток на вкусот, додека сланината ја надополнува текстурата. Сланината можете претходно да ја испечете или да ставите свежи парчиња, зависи од вашата желба.

Потребни состојки:
  • 200 гр кељ
  • 60 мл јаболков оцет
  • 40 мл вода
  • 1 лажица шеќер
  • сланина
  • 30 гр презла
  • 50 гр несолен путер
  • 50 гр брашно
  • 400 мл полномасно млеко
  • 50 гр пармезан
  • 200 гр кашкавал
  • 1 лажичка сенф
  • 200 гр макарони
  • бибер
  • сол
Подготовка:

Извадете ги листовите кељ од стеблата и грубо исечкајте ги. Стебленцата ситно исечкајте ги и ставете ги во мала тава со оцет, вода и шеќер. Нека зовријат, па оставете да се изладат.

Во меѓувреме, загрејте ја рерната на висока температура, а потоа печете ја сланината додека не стане целосно крцкава. Исцедете ја на хартиена крпа, па кога ќе се олади, ситно исечкајте ја. Презлата измешајте ја со многу црн пипер.

Наполнете мало тенџере со врела вода, додадете исечкани листови кељ и варете на силен оган 3-4 минути. Исцедете и оставете на страна.

Растопете го путерот во тенџере на средна температура, додадете го брашното и варете 1 минута, а потоа нежно изматете го млекото додека не добиете мазен сос. Измешајте ги пармезанот и кашкавалот (крупно рендан), оставајќи една голема шака на страна за посипување. Мешајте додека не се растопат и целосно се соединат, а потоа вмешајте го и сенфот. Префрлете во блендер со листовите кељ и измешајте во мазен, темно зелен сос. Вкусете и зачинете со сол.

Загрејте ја рерната на 170°C и ставете го сад со вода да зоврие. Сварете ги макароните (може да користите и друг вид на паста, на пр. фузили) во водата 6-8 минути. Исцедете ги и измешајте ги во зелениот сос, а потоа процедете ги киселите стебла и додадете две третини во тестенините и сосот. Префрлете ги макароните во сад за рерна и посипете ги со марченца сланина, преостанатите стебленца сварени со оцет и шаката кашкавали. Печете 15-20 минути додека не порумени.

Послужете и уживајте во макароните со кашкавал, кељ и сланина!

Тагови
реклама

Силен земјотрес во Турција

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Како изгледа планот на Трамп: Крим оди во Русија, Украина (можеби) во ЕУ

Read more

Рецепти

За гурмани: Свински шницли со јаболка

Read more

Искористете ги велигденските јајца, додадете грашок и направете салата

Read more

Велигденски десерт: Неодоливи чоколадни гнезда

Read more

Празничен ручек: Пастрмка полнета со спанаќ

Read more
 

Магазин

Отстранете ги дамките од маснотии од облеката со изненадувачка намирница

Читај повеќе

Често гледате порнографија? Знаете ли како тоа влијае на вашиот мозок?

Читај повеќе

Која храна помага против надуеност?

Читај повеќе
  • filter

Како да бидете центар на вниманието на Моден викенд Скопје?

Читај повеќе

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Читај повеќе

Карта на осаменоста на Европа: Луѓето сѐ повеќе се повлекуваат како што стареат

Читај повеќе

За гурмани: Свински шницли со јаболка

Читај повеќе

Доктор открива зошто треба почесто да пиеме сок од целер

Читај повеќе

Не ги игнорирајте првите знаци на рак на тестиси: Кога да посетите лекар?

Читај повеќе