Имунолошкиот пасош за патување засега е само размислување

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Примената на имунолошкиот пасош за да може граѓаните да патуваат засега е само на ниво на размислување во повеќе земји, па и кај нас.

Министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање денеска рече дека прашањето околу имунолошкиот пасош е многу актуелно, но оти неговото воведување има многу отворени прашања.

– Ние дискутиравме во рамки на Комисијата и засега согласно овие препораки некаква голема вредност во однос на сигурноста нема, но сме отворени за опцијата за наши граѓани кои би патувале, но и за странци кои би дошле, но доколку станува збор за некој пристап на повеќе земји, во смисла на регионален пристап или во земји од ЕУ. Така што за тоа прашање нема некој поширок консензус. Повеќе земји го разгледуваат, но засега немаме став, истакна министерот.

Тој додаде дека дилемите околу имунолошкиот пасош се однесуваат на тоа кој е протоколот што ќе се признае за валиден, колку денови ќе се важи тестот, колку ќе се комплицира тој процес ако станува збор за кратокрајни патувања и каква е гаранцијате дека од тестот до влегувањето некој не се заразил, рече министерот.

Утре ќе се разговара за времетраењето на полицискиот час, а во сабота за олабавување на мерките

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека утре ќе се разговара за времетраењето на полицискиот час за претстојниот викенд, а веќе во сабота ќе се разгледаат можностите за олабавување на мерките кои би важеле од следната недела.

На денешната прес-конференција, Филипче посочи дека двата дена ќе се анализираат случаите на новодијагностицирани пациенти пред да бидат донесени било какви препораки.

– На утрешниот состанок ќе се дискутира за времетраењето на полицискиот час за време на викендот, а во сабота за тоа на кој начин ќе се димензионира олабавувањето на веќе донесените мерки, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

На утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести, како што рече Филипче, нема да присуствува претседателот на државата Стево Пендаровски.

Монтажната болница на скопската клиника ќе може да се користи за организирање ургентен интернистички центар

Капацитетот на монтажната болница, што се наоѓа до Клиниката за инфективни болести во Скопје, може да се користи за организирање на ургентен интернистички центар.

Министерот за здравство Венко Филипче  информираше дека со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада денеска ја посетиле монтажната болница, што се наоѓа до Клиниката за инфективни болести во Скопје.

– Тоа е еден капацитет, кој значи нови 72 кревета, кои за среќа сега, а се надевам дека така и ќе остане, нема потреба да се користат, но има потреба капацитетот да се користи во смисла на организирање на еден, како што најавив, Ургентен интернистички центар, каде ќе се прави тријажа на пациентите и од тука после соодветниот преглед – тест, доколку се наметне потреба, ќе се упатат или на Инфективната клиника или на другите клиники, но ќе знаеме дали е некој позитивен или не на коронавирусот, со цел да се воспостави еден коридор, што ќе важи за целиот Клинички центар, рече Филипче на прес-конференција.

Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција

Новите влезови до хируршкиот ургентен центар и инфективната клиника и целосно асфалтирање на улицата под хируршките клиники веќе привршува и може да биде во функција од почетокот на следната недела. ПЕТ центарот за производство на реагенси е ставен во функција, а стоматолозите со работата можат да почнат следната недела, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој денеска на новинарско прашање појасни дека новите влезови на клиниките ќе го олеснат пристапот, но и ќе го решат проблемот со сообраќајниот хаос.

– Намалување на фрекфенција на движењето го искористивме и за средување на овој повеќедецениски проблем, по 50 години еве имаме влез кој што води директно до хируршкиот ургентен центар, еден посебен влез и излез кај инфективната клиника, ова е работа која се завршува и значи ставање во функција на овие влезови, целосно афалтирање и отворање на ова улица под хируршките клиники, ќе може да биде во функција од некаде на почетокот на следната недела, рече Филипче.

Во следната фаза, тој додаде дека ќе почне да се работи на проширување на влезот и излезот со по уште една лента коловозна на влезот кај стоматологија кон улицата „Водњанска“, и на влез и излез кај клиниката за кардиологија, појаснувајќи дека сменетиот сообраќаен режим ќе го олесни пристапот, но ќе го реши и сообраќајниот хаос на улицата „Водњанска“.

Филипче рече дека веќе се спремаат листи на пациети чии што интервенции биле откажани, тие луѓе, како што рече, добиле приоритет, а тие пред интервенција ќе бидат тестирани дали се позитивни или негативни на вирусот, со цел да се заштитат клиниките.

Овој процес, согласно динамиката за олабавување на мерките и растеретување на болницата „8 Септември“, Филипче рече дека би требало да биде на сила од следната недела, вклучувајќи и нов систем на закажување преку системот Мој термин.

Во однос на тријажниот центар, Филипче рече оти тоа треба да биде една форма на интернистичко ургентен центар. Тој додаде дека сега центарот ќе има директен влез и излез, ќе има соодветна опрема за интернистички ургентен центар, ќе се направи систем на ротација, на дежурства и на специјализанти и на тој начин ќе се олесни пристапот и квалитетот на здравствена заштита.

– Во однос на тријажниот центар, сметам дека тоа треба да биде една форма на интернистичко ургентен центар. Нешто што е многу тешко физички и заради недостаток на опрема се реализираше во рамки на клиниката за токсикологија. Еден сериозен дел би се префрлил овде прво заради тоа што е физички подостапно сега ќе има и директен влез и излез, ќе има соодветна опрема за интернистички ургентен центар, ќе се направи систем на ротација, на дежурства и на специјализанти, и на соодветни специјалисти така да сметам дека многу ќе се олесни и пристапот и квалитетот на здравствена заштита во смисла на интернистички ургентен центар, рече Филипче.

Тој додаде дека ќе се пушти веднаш откако ќе биде опремен целосно, според него, потребно е најмалку период од месец дена за се ова да биде поставено и да профункционира.

Прашан кога се очекува набавка на реагенси потребни за правење скен на коски, Филипче појасни дека реагенсот се произведува во ПЕТ центарот, кој од понеделник е целосно ставен во функција.

– Реагенсот се произведуваше во ПЕТ центарот, меѓутоа во овој период се направи редовен годишен сервис и затоа застојот во работата во приватните болници заради тоа што нема реагенси кои се носеа од странство заради тоа што се затворени аеродромите. Не може да се носи по друг пат заради тоа што имаме многу кратко време на активност кај тој реагенс веднаш после производството. Меѓутоа од понеделник е целосно ставен во функција ПЕТ центарот и производството и дијагностиката, има соодветен протокол, нешто по редуциран број на пациенти за да се стави малку акцент и на превенција и на подетално чистење помеѓу сами дијагностички постапки така да пет центарот е веќе во функција, додаде тој.

Во однос на прашањето кога стоматолозите почнуваат со работа, Филипче рече дека можат да почнат да работат следната недела.

– Стоматолозите на денешниот утрински состанок на Комисијата на која што присуствуваше и претседателот на Комора беше договорено веќе да почнат да работат од следната недела и да се вклучат во скринингот, за пто навистина покажаа добра и воља и желба посебно за што станува збор земање на брис, нешто што е во нивната сфера на професионална работа, рече Филипче.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе