Инфлацијата во еврозоната е највисока од воведувањето на еврото

Годишната инфлација во еврозоната повторно забрза во октомври, достигнувајќи 10,7 отсто, ново највисоко ниво од воведувањето на еврото, покажаа во понеделникот проценките на Евростат, како одраз на забрзаниот раст на цените на енергијата и храната.

Во септември годишната инфлација изразена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP) во 19-те земји кои ја делат заедничката европска валута изнесува 9,9 отсто, покажуваат табелите на заводот за статистика.

Растот на потрошувачките цени на годишно ниво со тоа достигна ново највисоко ниво од воведувањето на заедничката европска валута во 1999 година. Еуростат ја пресметува инфлацијата од 1996 година. Во споредба со септември, потрошувачките цени во последниот месец пораснаа во просек за 1,5 отсто, што е благо забрзување на месечна основа, покажува табелата на Евростат.

А во октомври најголема поддршка за растот на цените даде енергетиката која поскапе за 41,9 отсто во однос на истиот месец лани, а за 6,5 отсто во однос на минатиот месец.

Во септември поскапе за 40,7 отсто на годишно ниво. Забрзан е и растот на цените на храната, алкохолните пијалоци и тутунските производи, на 13,1 отсто, од 11,8 отсто во септември. На месечно ниво, потрошувачките цени во таа категорија производи се зголемени за 1,5 отсто. Кога не се менуваат цените на енергијата и храната, годишната инфлација изнесува 6,4 отсто, по септемвриските шест отсто.

Балтичките земји со инфлација од над 20 проценти

Убедливо највисоки стапки на инфлација повторно забележаа балтичките земји, предводени од Естонија, каде таа изнесува 22,4 отсто. Во Литванија и Латвија цените пораснале за 22, односно 21,8 отсто. Вкупно 11 земји забележаа двоцифрена стапка на инфлација, според проценките на Евростат.

Во групата земји со раст на цените во опсег од 10 до 20 отсто, највисока стапка на инфлација повторно забележаа Холандија и Словачка, од 16,8 односно 14,5 отсто. Во Германија и Италија цените пораснаа за 11,6, односно 12,8 отсто, додека Словенија бележи инфлација од 10,3 отсто.

Франција, втората по големина економија во еврозоната, имаше најниска годишна стапка на инфлација и во октомври, каде што беше 7,1 отсто, според првите проценки на Евростат. На месечно ниво цените паднале само во три земји, во Естонија за 1,6 отсто, во Грција за еден отсто и на Малта за 0,6 отсто. Најмногу пораснале во Италија, за четири отсто, покажуваат табелите на Евростат.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Бизнис

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе