Институтот Pasteur de Lille ја оцени ефикасноста на прочистувачите на воздух на Daikin против респираторни вируси

Реномираната француска лабораторија, Институтот Pasteur de Lille, од тестовите донесе заклукок дека асортиманот на прочистувачи на воздух на Daikin отстранува над 99,98% од хуманиот коронавирус HCoV-229E за 2,5 минути*.

  • Според тестирањата извршени во лабораториите на Институтот Pasteur de Lille, прочистувачите на воздух на Daikin отстрануваат над 99,98% од хуманиот коронавирус HCoV-229E за 2,5 минути. Вирусот потекнува од исто семејство како SARS-CoV-2, коронавирусот кој ја предизвика COVID-19 пандемијата. 
  • Единиците исто така биле оценети како 99,93% ефикасни против H1N1 вирусот за 2,5 минути. H1N1 е вирусот што предизвикува обичен грип.
  • Ова значи дека прочистувачите на воздух на Daikin претставуваат дополнителна мерка во борбата против респираторните болести. Компактниот прочистувач што работи веднаш штом се вклучи може силно да придонесе за намалување на ризикот од пренесување респираторен вирус.
  • Ова признание е пресвртница во планот на Daikin да стане главен играч во индустријата на прочистувачи на воздух во Европа, Блискиот Исток и Африка.
Тестирана ефикасност против коронавирус

Како специјалист за управување со квалитетот на воздухот, Daikin смета дека нивна мисија е да обезбедат иновативни решенија, а прочистувачи на воздух продава повеќе од 45 години. Прочистувачите на воздух на Daikin и патентираната технологија за прочистување воздух којашто се применува и во друга нивна опрема, веќе одамна ја докажаа својата ефикасност против загадување на воздухот, како и сезонскиот полен и вирусите.

За да се зајакне тврдењето за ефикасноста на нивната технологија, Daikin Europe N.V. го довери тестирањето на својот асортиман прочистувачи на воздух на француската лабораторија во Институтот Pasteur de Lille. Сега е официјално докажано дека моделите на Daikin отстрануваат над 99,98% од хуманиот коронавирус HCoV-229E за 2,5 минути. Ова е навистина значајно достигнување.

Институтот Pasteur de Lille изврши тестирања со вирусот HCoV-229E, што пак, е коронавирус којшто е тесно поврзан со SARS-CoV-2. Од безбедносни причини, не е користен самиот SARS-CoV-2 вирус. Самиот факт што обата вируса се од исто семејство е силен показател дека прочистувачите на воздух на Daikin се важно оружје за намалување на ризикот од пренос на вирусот, и помагаат во борбата против пандемијата COVID-19.

Ефикасноста на прочистувачите на воздух на Daikin се постигнува преку комбинација на електростатски ХЕПА филтер со високи перформанси, кој го заробува вирусот, а ова е проследено со интензивно изложување на патентираната технологија Flash Streamer на Daikin, којашто го елиминира вирусот.

Институтот исто така ги тестираше прочистувачите на воздух за ефикасност против H1N1, вирусот кој го предизвикува сезонскиот грип. Под истите услови на тестирање, Институтот Pasteur de Lille од неговото истражување заклучи дека прочистувачите на воздух на Daikin отстрануваат над 99,93% од вирусот H1N1 за 2,5 минути. Ова покажува дека овие единици се исто така многу ефикасни во борбата против грипот.

Прочистувањето на воздухот и проветрувањето се клучни за здраво внатрешно опкружување

Прочистувачите на воздух на Daikin го прочистуваат воздухот во затворени простории, така што тој циркулира низ единицата и минува низ мноштво филтри и технологии за прочистување. Единиците обично се користат во станбени услови, мали канцеларии, малопродажни објекти, училници, медицински чекални и докторски ординации. Протокот на воздух кај еден прочистувач на воздух на Daikin е околу 330 m3/час. Ова значи дека волуменот на воздухот во просечна просторија минува низ единицата повеќе пати на час.

Г-дин Оливје Луминати, проект менаџер за вентилација и прочистување на воздух, којшто тесно соработуваше со Институтот Pasteur de Lille на проектот за тестирање на Daikin вели: „Резултатите од тестовите се сјајна вест за општеството. Токму во моментот кога сите се подготвуваат за враќање во канцеларија и нормален живот, ние можеме да создадеме услови тоа да се одвива на побезбеден начин. Посветеноста на компанијата Daikin кон здраво внатрешно опкружување резултираше во широко портфолио на производи за филтрирање и прочистување воздух. Овие технологии ги користиме во нашите решенија за климатизација, греење и вентилација, како за мали, така и за големи објекти. Главно, можеме да помогнеме сите што имаат потреба за чист и свеж воздух во затворен простор да го најдат вистинското решение“.

Квалитетот на воздухот во затворените простории има големо влијание врз перформансите и благосостојбата на луѓето. Постојат многу фактори што влијаат врз квалитетот на воздухот, како што се PM2.5 честичките, алергените, влажноста на воздухот и така натаму. Daikin веќе одамна го препозна овој предизвик и во 1975 година во Јапонија го лансираше својот прв прочистувач на воздух. Г-дин Антони Диму, генерален менаџер на деловната активност на Daikin во Европа, Блискиот Исток и Африка (ЕМЕА): „Добиените резултати од Институтот Pasteur de Lille се чекор напред за нас и за општеството. Верувам дека Daikin може да стане референтна компанија за управување со квалитетот на воздухот во затворени простории во ЕМЕА регионот“.

*Детални резултати од тестирањето според тип на Daikin прочистувач на воздух:

Уредот Daikin MCK55WVM (комерцијално име MCK55W), кој го тестираше Институтот Pasteur de Lille, отстранува 99,996% од хуманиот коронавирус HCoV-229E за 2,5 минути при „турбо“ брзина во лабораториски услови (непропусна комора со внатрешен волумен од 0,47 m3, без обновување на воздухот). Хуманиот коронавирус HCoV-229E е различен од вирусот одговорен за COVID-19, SARS-CoV-2, но припаѓа на исто семејство коронавируси.
 
Уредот Daikin MC55WVM (комерцијални имиња MC55W/VB), кој го тестираше Институтот Pasteur de Lille, отстранува 99,98% од хуманиот коронавирус HCoV-229E за 2,5 минути при „турбо“ брзина во лабораториски услови (непропусна комора со внатрешен волумен од 1,4 m3, без обновување на воздухот). Хуманиот коронавирус HCoV-229E е различен од вирусот одговорен за Ковид-19, SARS-CoV-2, но припаѓа на исто семејство коронавируси.
 
Уредот Daikin MCK55WVM (комерцијално име MCK55W), кој го тестираше Институтот Pasteur de Lille, отстранува 99,986% од поттипот H1N1 на вирусот на грип А за 2,5 минути при „турбо“ брзина во лабораториски услови (непропусна комора со внатрешен волумен од 0,47 m3, без обновување на воздухот).
 
Уредот Daikin MC55WVM (комерцијални имиња MC55W/VB), кој го тестираше Институтот Pasteur de Lille, отстранува 99,93% од поттипот H1N1 на вирусот на грип А за 2,5 минути при „турбо“ брзина во лабораториски услови (непропусна комора со внатрешен волумен од 0,47 m3, без обновување на воздухот).

За повеќе информации, посетете ја страницата:

Иновации на „Daikin“ за квалитет на воздух во затворени простории:
https://www.daikin.eu/en_us/about/daikin-innovations/indoor-air-quality.html

Страница на производ за прочистување воздух на Daikin:
https://www.daikin.eu/en_us/solutions/for-your-home/air-purification.html

Информации за технологијата Flash Streamer на Daikin: 
https://www.daikin.eu/en_us/about/daikin-innovations/indoor-air-quality/for-your-home/daikin-streamer-research-institute/streamer-technology.html

Веб-локација на Институтот Pasteur de Lille: www.pasteur-lille.fr

За Daikin

Се грижиме за воздухот. Ги користиме нашето долгогодишно искуство во климатизацијата и страста кон иновативните технологии за да го направиме најдобар воздухот што го дишеме. А тоа сакаме да го направиме водејќи грижа за животната средина и заштитувајќи ги идните генерации. Daikin има за цел до 2050 година да биде јаглеродно неутрална компанија во сите свои активности, производи и решенија што ги продава. Тоа е нашата мисија во Daikin.

Daikin Europe N.V.

Daikin Europe N.V. е подружница на Daikin Industries Ltd. и е голем европски производител на уреди за климатизација, топлински пумпи, прочистувачи на воздух и опрема за ладење, со приближно 13.000 вработени низ 24 филијали во ЕМЕА. Има 14 големи објекти за производство во Белгија, Чешка, Германија, Италија, Шпанија, Турција, Австрија и Обединетото Кралство. Седиштата на Групацијата Daikin Europe се во Белгија, со канцеларии во Остенде, Гент и Брисел. Компанијата е основана во 1973 година. Daikin има 2.171 вработен на белгиска територија.

Лидер на пазарот за технологија на топлински пумпи во Европа

Со над 90 години искуство во индустријата за греење и климатизација, Daikin е лидер на пазарот во технологијата на топлински пумпи. Компанијата е добро позната по Daikin VRV за комерцијална примена, како и Daikin Altherma серијата за приватна примена на греењето. Над 85% од уредите за европскиот пазар се произведуваат и во Европа. 

Добавувач на целосни решенија за HVAC и ладење

Широкото портфолио на производи на Daikin овозможува прилагодени решенија за сите потреби на клиентите поврзани со греење, вентилација, климатизација, прочистување воздух и ладење. Во последниве години, Daikin го надополни своето портфолио на производи и значително го прошири своето присуство на пазарот во Европа во областа за технологија на топлински пумпи, како и во комерцијалното и индустриското ладење. Во 2016 година, Daikin Europe N.V. го купи Zanotti S.p.A., италијански производител на индустриско и транспортно ладење. Во февруари 2018 година, Tewis Smart Systems S.L. се приклучи на групацијата. Tewis е една од водечките компании во Шпанија за стандардизирани решенија за ладење коишто се прилагодени за клиентите, вклучувајќи решенија за CO2. На почетокот на 2019 година, Daikin Europe N.V. ја купи австриската компанија за ладење AHT.

За Daikin Industries Ltd.

Daikin Industries Ltd. со седиште во Осака, Јапонија, има околу 80.000 вработени ширум светот и во финансиската 2020 година (април 20 - март 21 година) оствари продажба од околу 18,45 милијарди евра. Компанијата е глобален лидер на пазарот за топлински пумпи и системи за климатизација, како и филтрација на воздухот. Daikin Industries Ltd. е единствениот производител на уреди климатизација во светот, којшто ги развива и произведува сите важни компоненти како што се разладни средства, компресори и електроника.

Повеќе информации може да најдете на www.daikin.eu и на www.daikin.com.

реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Read more

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Промо

Macan поставува нови стандарди: првиот и целосно електричен SUV на Porsche

Read more

НЛБ Банка по повод Меѓународниот ден на образованието: Развојот на вработените основа за личен и организациски раст

Read more

Доделена главната награда Opel Corsa од наградната игра „Телеком наградува“

Read more

BMW1 во Скопје, луксузни патувања за Дубаи во Тетово, Битола, Кривогаштани и Скопје, МЕГАВИН.МК донесе среќа низ цела држава

Read more
 

Ново

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Читај повеќе

Никој не ги побара, ама игри ќе има и на LinkedIn

Читај повеќе

Нови казни во Англија: Одземени му се бодови на освојувачот на две ЛШ

Читај повеќе

Дерматолог открива каде најмногу грешиме со негата на кожата во пролет

Читај повеќе

Што најчесто се расипува кај електричните автомобили?

Читај повеќе

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Читај повеќе

Претепан возач на автобус на ЈСП

Читај повеќе

Стевчо Јакимовски и Катица Јанева на црната листа на САД

Читај повеќе
  • play_arrow

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Читај повеќе