СЕРИЈА А 2019/20

Интер го презеде врвот во Серија А

Со победата над СПАЛ и киксот на Јуве против Сасуоло, „Нераѕурите“ после осум кола се вратија на врвот во Италија.

Откако Јувентус не успеа да го совлада Сасуоло во Торино и одигра само 2:2 притоа спасувајќи се од пораз со пенал, му овозможи на Интер да го преземе врвот на табелата во калчо лигата.

„Нераѕурите“ не ја прокоцкаа укажаната шанса и на дождливото време во Милано уште по првите 45 минути ја обезбедија победата против тимот на СПАЛ. Лаутаро Мартинес на двапати го матираше гостинскиот голман Етрит Бериша прво на асистенција на Марцело Брозовиќ, а потоа по одлично нафрлување на Антонио Кандрева.

Пет минути во второто полувреме домаќините му дозволија на СПАЛ да го направи натпреварот интересен. Матија Валоти се прошета низ одбраната на Интер и намали на 2:1. Сепак, до крајот остана тој резултат.

 

 

Сега на табелата Интер е прв со 37 бодови и има еден бод предност пред Јувентус кој падна на второто место. Трет останува Лацио со 30 бодови кој денеска многу полесно од очекуваното излезе на крај со Удинезе (3:0) за кој од почеток играше Илија Несторовски.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе