Интер, Јуве и Милан во борба за играчот кој сруши рекорд во Примера стар 80 години

Лука Ромеро, 16-годишниот играч за врска на Мајорка, е близу до промена на клубот. Италијанските гиганти Јувентус, Интер и Милан го посакуваат младиот фудбалер.

Ромеро стана најмладиот играч во историјата што одиграл натпревар во Ла Лига минатата сезона, на возраст од 15 години, седум месеци и шест дена. Во своето деби од соништата против Реал Мадрид, Ромеро влезе во игра во 84-та минута наместо Идрис Бабе. Со 15 години и 230 дена, Ромеро го собори рекордот пред него, стар повеќе од 80 години, што го постави Франциско Бао Родригес Сансон, кој дебитираше во Ла Лига во дресот на Селта Виго на 31 декември 1939 година, на 15 години и 255 дена.

Мексиканецот оваа сезона одигра два натпревари на Купот на кралот, собирајќи 110 минути игра.

„Тој е левак, брз е, паметен, разигран, конкурентен. Тоа е прототип на аргентинската топ десетка. Го забележавме кога имаше 12 години, но не сакавме да го туркаме прерано затоа што треба да се грижиме за него“, рече неодамна помошникот тренер на Мајорка, Дани Пендин.

„Го гледавме како игра, тој правеше неверојатни работи со топката за неговата возраст, но физички не порасна во целост и можеше да има проблеми ако почнеше да игра со прволигаши предвреме. Денес кога го гледаме, кога му ги гледаме нозете, телото, гледаме дека почна да се формира. И фактот дека татко му е фудбалер многу му помага“, додаде Пендин.

Ромеро е роден на 18 ноември 2004 година во Дуранго, Мексико и има три националности – мексиканска, аргентинска и шпанска. Мексиканско има бидејќи татко му беше професионален фудбалер во Мексико, аргентинското е наследство од родителите и шпанско бидејќи стигна во Шпанија уште во 2007 година. Одигра еден натпревар со аргентинската младинска репрезентација до 17 години.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Read more

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе