СЕРИЈА А 2022/2023

Интер со пресврт загуби од Удинезе

Филип Здравески
/ 18.09.2022 / 14:25

Фудбалерите на Удинезе приредија уште едно изненадување во Калчото откако попладнево со пресврт го совладаа фаворизираниот Интер.

Откако претходно ја имаа средено Рома на Мурињо со 4:0, денеска Удинезе го победи и гигантот од Милано, со 3:1.

Натпреварот почна одлично за „Нераѕурите“ кои поведоа уште во 5. минута преку перфектно изведениот слободен удар на Николо Барела.

Се чинеше дека Интер ја има контролата, но во 22. минута Милан Шкринијар си постигна несреќен автогол и го израмни резултатот.

Во вториот дел двата тима тргнаа по трите бода, но само домаќините го најдоа патот до мрежата, и тоа во два наврата. Победникот беше одлучен во последните минути кога Удинезе постигна два гола со глава, прво преку Словенецот Јака Бијол во 84. минута по нафрлувањето на Жерард Деулофеу од корнер, а потоа и преку Турчинот Толгај Арслан од контра, исто така на асистенција на Каталонецот.

Удинезе сега има 16 бодови и изби на лидерската позиција во Серија А, но конкурентите денеска ги играат своите натпревари. Интер, пак, го запиша дури третиот овосезонски пораз и остана на 12 бода на 6. место, со можност до крајот на денов да назадува.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе