Интер во јуни го враќа Лукаку во Челси, може да остане и без Џеко

Генералниот секретар на Интер, Џузепе Марота, потврди дека Ромелу Лукаку на крајот од сезоната ќе се врати во Челси.

Пред синоќешниот натпревар против Порто, на кој Интер одигра без голови и благодарение на победата од 1:0 во Милано се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Бепе Марота ја информирашпе јавноста дека Интер нема да го откупи белгискиот напаѓач без разлика на неговиот учинок до крајот на сезоната.

„Позајмицата е на една сезона, така што на 30 јуни тој ќе се врати во Челси без обѕир на учинокот. Сезонава е многу тешка за него, но проблеми имаат и други играчи што играа на Мундијалот. Лукако не е изолиран случај, погледнете го и Брозовиќ. Лукаку сѐ уште не си ја пронајде оптималната форма, што е негова главна карактеристика и не е напаѓачот што го го гледавме претходните години“, рече Марота и со тоа практично ја затвори вратата за евентуален траен откуп на неговиот договор.

Од друга страна, заминувањето на Лукаку би можело да биде добра вест за ветеранот Един Џеко, чиј договор истекува токму во јуни. За „Нераѕурите“ би било премногу истовремено да останат без двајца напаѓачи, иако засега нема најави дека 37-годишниот (36 има, но на 17-ти му е роденден) Босанец преговара за продолжување на договореот.

Сезонава ефектот на Лукаку и Џеко е различен. Додека Босанецот има постигнато 11 голови со 5 асистенции во сите натпреварувања, 29-годишниот Белгиец има само 5 гола со 1 асистенција, но на дупло помалку натпревари (Лукаку 18, Џеко 37).

Покрај нив двајца, напаѓачи во Интер се и новопечениот капитен Лаутаро Мартинес и резервистот Хоакин Кореа.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more
 

Спорт

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе