Интерпол: За време на ЕУРО 2020 уапсени 1.400 лица и запленети 6,7 милиони евра

Во глобална операција на Интерпол насочена против илегални обложувања и перење пари за време на одржувањето на ЕУРО 2020 лишени од слобода се 1.400 луѓе и запленети 6,7 милиони евра, соопшти денеска европската криминалистичка полиција со седиште во Лион.

Операцијата под кодно име SOGA (од soccer gambling – спортско обложување) била спроведена во Австрија, Азербејџан, Бахреин, Белгија, Брунеи, Виетнам, Германија, Индија, Ирска, Италија, Камбоџа, Кина, Малдиви, Малезија, Обединето Кралство, Полска, Португалија, Романија, Русија, Сингапур, Унгарија, Филипини, Финска, Франција, Хрватска, Чешка, Швајцарија и Шпанија.

На азискиот и европскиот континент, како што е соопштено, биле спроведени повеќе илјади рации во кои се одземени компјутери и мобилни телефони поврзани со околу 394 милиони евра вложени во обложување.

Само во Хонгконг се уапсени 800 лица и запленети се 2,3 милиони евра, додека во Италија биле извршени рации во 283 обложувалници и наплатени казни во висина од вкупно 1,3 милиони евра поради нелегално обложување.

Ова е осмо издание на операцијата SOGA во која досега се лишени од слобода 19.000 луѓе, запленети 83 милиони евра и затворени повеќе од 4.000 обложувалници ширум светот.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе