УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Инѕаги: Долго чекавме за ова, победивме еден од најдобрите тимови во светот

Предводникот на Интер е, нормално, задоволен од победата над силната Барселона, која се надева ќе биде пресвртница по лошиот старт на сезоната во Серија А.

Многумина, меѓу кои и самите навивачи на Интер, не очекуваа дека „Нераѕурите“ не само што ќе ја победат Барселона, туку и нема да примат гол од нападот предводен од полската гол-машина, Роберт Левандовски. Минимални, но доволни 1:0 со победничкиот гол на Хакан Чалханолу постигнат во судиското надополнување од првиот дел.

„Не би рекол дека победата е неочекувана. Кажав претходно дека е одлична можност да се победи еден од најдобрите тимови во светот“, почна Симоне Инѕаги говорејќи за Sky Sport Italia.

Remote video URL

„Игравме агресивно, одлучно, бидејќи тоа беше единствениот начин како да се победи ваков противник. Долчо чекавме за ова, среќен сум за навивачите и за клубот, но ние сѐ уште немаме ништо постигнато. Ова нека биде пресрасна ноќ која ќе означи почеток на нешто“.

Интер беше во криза по низата слаби резултати во Серија А, а последниот пораз дома од Рома на Жозе Мурињо се чинеше дека ја прели чашата.

„Бев многу, многу разочаран од резултатот против Рома, но не и од играта. Натпревари како овој ќе нѐ подобрат, сега треба да си ја обновиме силата и имаме можност да се повратиме во Серија А. Ова може да ни биде нов почеток, но мораме да покажеме чувство на конзистентност врз основа на овој резултат и оваа игра“, додаде.

Веќе некое време на Чизмата кружат гласини дека Инѕаги би можел да добие отказ, а таквите гласини продолжија и пред синоќешниот натпревар со тоа што многумина говореа дека негативен резултат против Барса ќе значи негова разделба со Интер.

„Продолжувам со мојата работа, се случуваат одредени моменти, но јас одам со високо подигната глава бидејќи мојот стручен штаб, играчите и клубот направија одлични работи во изминативе 15 месеци. Видов тим кој е солиден и кој се бори заеднички, во спротивно не може да се остварат резултати како овој. Задоволен сум, но ова се истите момци кои ми донесоа два трофеја пред неколку месеци и тие повеќе од било кој знаат дека сега можеме да се издигнеме“, заврши италијанскиот стратег кој со оваа победа ги поби сите шпекулации за негово заминување од Милано.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more
 

Спорт

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе