УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Инѕаги: Сега Барса има проблем, ќе нѐ паметат долго во Шпанија

Возбудливиот натпревар синоќа на „Камп Ноу“ помеѓу Барселона и Интер заврши 3:3, што значи дека сега Барса ќе мора да чека кикс на Интер за да избори пласман во осминафиналето.

Веројатно никој не очекуваше 6 гола синоќа на дуелот помеѓу истите екипи кои една недела претходно одиграа само 1:0 во Милано, кога победи Интер. Но, каталонскиот тим и гостите од калчото на гледачите им приредија ретко видено шоу и на крајот ги поделија бодовите иако и двата тима постигнаа по три гола.

Нормално, позадоволен беше предводникот на Интер, Симоне Инѕаги, отколку неговиот колега Чави Ернандес. Причината е проста: само победа ја враќаше Барса во игра за едно од првите две места кои водат во нокаут-фазата.

„Знаевме дека имаме храброст и уште во првото полувреме создадовме доволно шанси. На паузата на играчите им реков да веруваат во себе“, рече стратегот на Интер по натпреварот.

„Да победевме ќе си го заверевме пласманот две кола порано, но сега ја имаме Викторија. Проблемот на Барса е што налетаа на Интер. Сега ќе нѐ паметат во Шпанија“, додаде. Интер сега има 7 бода и е втор, додека Барса има 4. До крајот и двата тима играат по еднаш со Баерн и со чешка Викторија, но наредното коло Интер ја има полесната задача бидејќи во Милано ги пречекува Чесите, а со победа ќе си го завери пласманот на сметка на Барса.

Новинарите го прашаа Инѕаги дали ова беше негова одмазда поради начинот на кој во Шпанија се зборуваше за него.

„Одмазда против кого? Оние во Шпанија кои ме нарекуваат тренер за катанаџо. Играта на моите момци говори сама за себе, не морам да се одмаздувам. Барселона во Ла Лига има едно реми, а сега долго време ќе нѐ памти“, заврши интеровиот тренер.

Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе