СЕРИЈА А 2019/20

Инѕаги: Веднаш играме против Аталанта, одличен тим

Вечерва сезоната ја продолжува и Лацио, главниот конкурент на Јуве за Скудетото и тоа на тешко гостување кај Аталанта.

Двата најнапаѓачки клубови во Калчото вечерва ќе ги вкрстат копјата во натпревар од исклучителна важност и за двата. Аталанта не смее да си дозволи пораз за да не ѝ дозволи на Рома да ѝ се доближи и да ѝ го загрози 4. место кое води во Лигата на шампионите. Од друга страна, Римјаните мораат да ги освојат трите бода за да го задржат чекорот со лидерот Јувентус во борбата за титулата.

За тоа и тоа како е свесен стратегот на гостите, Симоне Инѕаги, под чија палка Лацио игра одлично.

„Имаме огромна желба да продолжиме со играњето. Копа Италија покажа дека има потешкотии со збиениот распоред. Ќе се бориме со физички и ментален замор. Како и да е, го гледам тимот желен да се врати на терен. Тренираа добро и подготвени се да играат. Со Аталанта дефинитивно нема да играат Леива, Лулиќ, Марушиќ, Луис Фелипе, Адекање и Раул Моро“, вели тренерот на Лацио.

„Треба да продолжиме со истата глад за победа и тимскиот дух кој нѐ придружуваше во досегашните 26 кола. Бевме први кои престанаа да играат и последни кои продолжуваат. За нас сега почнува ново првенство, со 12 натпревари во 40 дена“.

Лацио со 60 постигнати голови на досегашните 26 кола е втор најефикасен тим, а прв е неговиот вечерашен противник. Аталанта со 74 голови е убедливо најефикасната екипа на Чизмата. Тоа ветува добар фудбал и голови вечерва. Во редовите на Лацио игра и најдобриот стрелец во Серија А, Чиро Имобиле со 27 голови.

„Веднаш играме со една екипа која веќе неколку години игра добро. Аталанта е организиран тим со одлични индивидуалци и голем тренер како Гасперини. Ќе биде навистина вистински тест“, заврши Инѕаги.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more
 

Спорт

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе