Иран ја конфискува наградата на ЕУ за девојката која почина поради хиџаб

Макфакс
/ 24.12.2023 / 09:34

Иранските безбедносни сили ја конфискуваа наградата Сахаров на Европскиот парламент доделена на покојната иранско-курдска икона на протестот Џини Махси Амини, објави организацијата „Хенгав“.

Курдската организација за човекови права со седиште во Норвешка соопшти дека адвокатот на Амина, Мохамед Салех-Никбакт, имал намера да ја додели наградата за човекови права на Европската унија на семејството на младата Курдка во Иран.

Кога пристигнал на аеродромот во Техеран, официјалните лица го запреле и го испрашувале. Му го одзеле пасошот, мобилниот телефон и наградата.

Амини, чија смрт предизвика масовни протести во Иран, го инспирираше движењето Жени, живот, слобода. Во септември 2022 година, озлогласената иранска полиција за морал ја уапси поради наводно кршење на строгите исламски кодекси за облекување.

Три дена подоцна, таа почина во болница. Европскиот парламент тврди дека таа била физички малтретирана во притвор.

Нејзината смрт ги предизвика најжестоките протести во Иран во последните децении.

Амини и нејзиното поврзано движење за слобода беа наградени со наградата Сахаров во декември, но нејзиното семејство беше спречено да ја добие од иранските власти.

Од 1988 година, Европскиот парламент ја доделува оваа награда на поединци или организации кои ги бранат човековите права и слободата на изразување.

Иранските власти официјално не ги потврдија деталите за овој настан, кој го објави Хенгав.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе