Искрен трејлер за „Glass“
Режисерот кој даде нова дефиниција на терминот „пресврт“ во филмовите од новиот милениум – М. Најт Шамалајан, оваа година повторно го привлече вниманието кон себе со филмот „Glass“. Се работи за последниот дел од неговата сопствена, авторска сага за суперхерои.
YouTube каналот Screen Junkies реши да му ја посвети новата епизода од серијалот „Honest Trailers“ на филмот „Glass“. Брутално искрениот трејлер навлегува подлабоко во најголемите недостатоци и маани на „Glass“ и веруваме дека тоа ќе ве насмее и ќе ви даде нов поглед на филмот.