Исланд ја вклучи најголемата машина во светот за „цицање“ CO₂ од воздухот

Најголемата машина во светот за апсорпција на јаглерод диоксид директно од воздух, лоцирана во Исланд, почна со работа вчера, соопшти компанијата Climeworks, која стои зад овој проект.

Проектот за развој на фабрика е резултат на заедничката работа на швајцарскиот старт-ап Climeworks AG, специјализиран за апсорпција на јаглерод диоксид директно од воздухот, и исландската компанија Carbfix за складирање на јаглерод.

Машината може да апсорбира до четири илјади тони CO₂ годишно, што е еднакво на количината што ја испуштаат околу 790 автомобили за една година. Минатата година, светските емисии на CO₂ изнесуваа 31,5 милијарди тони, покажуваат податоците на Меѓународната агенција за енергија (IEA).

URL

Директната апсорпција од воздухот е една од неколкуте технологии за извлекување на јаглерод диоксид од атмосферата. Научниците велат дека овој метод е клучен за намалување на глобалното затоплување, за кое се смета дека е причина за топлотни бранови, пожари, поплави и зголемување на нивото на морето.

Фабриката, наречена Orca, што е исландски збор за енергија, се состои од осум големи резервоари, слични на оние што се користат за транспорт на стока. Резервоарите се опремени со високотехнолошки филтри и вентилатори за екстракција на јаглерод диоксид.

URL

Изолираниот јаглерод потоа се меша со вода и се депонира длабоко под земја, каде што полека се претвора во карпа. Целосниот систем, кој вклучува екстракција и таложење, се напојува со обновливи извори на енергија, односно енергија од блиската геотермална електрана.

Директната апсорпција на CO₂ од воздухот е сѐ уште нова и скапа технологија, но експертите кои се занимаваат со ова се надеваат дека трошоците ќе се намалуваат со растот на бројот на компании и потрошувачи кои сакаат да го намалат својот јаглероден отпечаток.

Во моментов, постојат 15 активни постројки за директно вадење CO₂ од воздухот во светот, кои заедно, според IEA, апсорбираат повеќе од девет илјади тони јаглерод диоксид годишно.

Американската нафтена компанија Occidental во моментов ја развива најголемата фабрика за директно извлекување на милион тони јаглерод диоксид од воздухот годишно, во близина на неколку нафтени полиња во подрачјето на Тексас, во сопственост на компанијата.

Climeworks неодамна потпиша десетгодишен договор за купување на јаглерод диоксид со водечката швајцарска осигурителна компанија Swiss Re, а компанијата нуди и претплата услуга која им овозможува на потрошувачите да ги надоместат месечните трошоци за отстранување на јаглерод.

URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе