Истражување: 91 процент од излекуваните од COVID-19 имаат компликации

Според најновите откритија на научниците, COVID-19 кај некои пациенти може долгорочно значително да ја оштети работата на бубрезите, црниот дроб, срцето и мозокот.

Неодамнешно истражување покажа дека дури 91 процент од пациентите кои „закрепнале“ имаат најмалку една долгорочна компликација од оваа болест, пишува Best Life.

Новите откритија се резултат на студија спроведена на 965 пациенти кои се излекувале од COVID-19 во Јужна Кореја, а дури 91 процент од нив рекле дека имаат еден долгорочен симптом.

Заморот бил најчест симптом, пријавен кај 26 проценти од пациентите, а тешкотии со концентрацијата биле пријавени кај 25 проценти од пациентите, според Корејската агенција за контрола и превенција на болести (КДЦА).

Многу пациенти рекле дека имаат и психолошки проблеми и долгорочно губење на чувството за вкус и мирис, кај некои од нив оваа последица била присутна дури и неколку месеци по завршувањето на болничкото лекување.

Треба да се спомене и извештајот на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) од јули, кој покажа дека 35 проценти од испитаните пациенти не закрепнале во целост дури ни две до три недели по позитивниот тест за вирусот, а многумина рекле дека се чувствуваат уморни.

Некои експерти веруваат дека болеста може да предизвика синдром на хроничен замор познат како мијалгичен енцефаломиелитис. 

Тагови
реклама

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе