Италија е фаворит, но ние можеме да се надигруваме со нив

„Италија е фаворит, а ние доколку одиграме како против Израел, ќе можеме да се надигруваме со нив“, заеднички констатираа селекторот на Македонија Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев, во пресрет на квалификацискиот дуел кој двете селекции ќе го одиграат утре во Скопје.

„Чест ни е што една ваква репрезентација ни гостува во Скопје. Во мечот ќе влеземе со свои сметки. Италија е голем фаворит, а ние ќе се обидеме да одиграме добро, не сакам да бидеме статисти“, рече селекторот Ангеловски дополнувајќи дека нема да ја менува почетната 3-5-2 формација.

„Формацијата нема да ја менувам иако против Израел делувавме добро и со 4-4-2, можно е да има некое освежување во средниот ред“.

Според селекторот играта на Италија е добро простудирана иако по ЕУРО 2016 Конте замина од селекторската функција, а го наследи Вентура.

„Не е сменет начинот на игра се работи за финеси, играчите кои играа кај Конте сега се тука и кај Вентура, не верувам дека ќе има некои посериозни промени во нивната игра“.

Италија и Македонија на фудбалски план ги поврзува Горан Пандев кој фудбалското име го изгради на Апенините. Инаку македонскиот капитен цели осум години нема постигнато гол во националниот тим на квалификациски натпревари.

„Благодарност за амбиентот против Израел. Одигравме одличен меч и жалам што не победивме. Штета што не освоивме досега ниту еден бод. Сега ни доаѓа една светска велесила, очекувам добар натпревар. Не ми е приоритет да постигнам гол. Ние да победуваме, па макар јас и 20 години не постигнал. Второто полувреме против Албанија и мечот со Израел е показател како треба да играме. Немавме ниту среќа, а сега знаеме дека Италија е фаворит, но мислам дека ќе можеме да се надигруваме“, рече на прес конференцијата пред мечот Пандев.

Дуелот, кој се игра во рамките на третото коло во Г групата, утре ќе започне во 20.45 часот. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе