Италијанската Серија Б суспендирана, нема доволно клубови за да почне сезоната

Италијанскиот фудбалски сојуз донесе одлука да ја суспендира цела Серија Б лига откако три второлигаши банкротираа (Чезена, Бари, Авелино) и така првенството остана со само 19 клубови, што е помалку од бројката која ја предвидуваат правилата.

Серија Б веќе со години има 22 клуба секоја сезона, но по ваквата ситуација Сојузот мораше да дејствува и по итна постапка спроведе одлука новата сезона да се игра со 20 клуба.

И понатаму недостасуваше еден клуб за да се пополни минималната бројка, па Сојузот предложи во Серија Б вонредно да влезе еден третолигаш. Ова беше неколкупати одбиено од страна на раководството на Серија Ц бидејќи во тој момент се очекуваше втората лига ќе продолжи да се игра со 19 клубови.

Клубовите од трета лига како Сиена, Новара, Катанија, Тернана и Про Верчели поради ова се обединија со Синдикатот на фудбалери и со заедничка тужба побараа Серија Б да биде суспендирана отсега па додека не се донесе конечна одлука, а притоа најавија и штрајк од домашните натпреварувања.

Регионалниот италијански суд во Рим одлучи да го суспендира првенството додека националниот сојуз не донесе одлука за бројот на клубови кои ќе се натпреваруваат во претстојната сезона. Ново решение ќе се бара во петок, кога клубовите и Сојузот ќе разговараат детално за понатамошниот развој на ситуацијата.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе