Италијанската полиција успеа да лоцира член на злогласената мафијашка организација Ндрангета баран со потерница.
Во случајот на карабинерите им помогна емисија за готвење што Марк Ферен Клод Бијарт ја водел на YouTube.
Потрагата по дилерот на дрога траела од 2014 година, соопшти вчера италијанската полиција. Успеал да побегне во Доминиканската Република, каде што бил познат само како Марк.
Истражителите го барале долго и без успех, бидејќи тој вешто се криел. Но, мафијашотј направи фатална грешка кога тој и неговата сопруга направиле YouTube канал во кој готвеа италијански специјалитети.
Иако тој никогаш не го покажа лицето, полицијата го препозна по тетоважите што беа видливи на видеата.
„Љубовта кон италијанската кујна ни овозможи да ги следиме трагите оставени на интернет и социјалните мрежи“, се вели во соопштението на италијанската полиција.
Полицијата во Доминиканската Република го уапси бегалецот минатата среда во операција предводена од Интерпол, а вчера тој беше вратен на италијанско тло, кога слета на аеродромот во Милано.