Изгоре објект со кокошки, пилиња, жито и пластични гајби во пожар кој утринава околу 5 часот избувнал во кавадаречко Сопот. Сопственикот, во изјава за МИА рече дека пожарот настанал од сијалицата која горела заради затоплување на малите пилиња.
– Имаше опасност пожарот да се прошири и на куќата и околните објекти. Среќа што пожарникарите дојдоа веднаш, а и ние реагиравме веднаш, рече сопственикот.
Според неговите првични проценки, штетата е околу илјада евра.
Од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци рекоа дека на лице место интервенирале со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.