Израелски археолози на чешел ја пронајдоа најстарата позната цела реченица

Археолози во истиориски богатиот Израел пронашле древен чешел кој датира од пред околу 3700 години и на кој е испишана веројатно најстарата позната цела реченица.

Натписот испишан со канаанско писмо служел како потсетник за луѓето дека редовно треба да си ги чешлаат косата и брадата за да се ослободат од вошки. Реченицата содржи 17 букви кои велат:

„Нека овие запци ги искоренат вошките од косата и брадата“.

Експертите велат дека ова откритие фрла ново светло на некои од најраните начини на користење на канаанското писмо во човештвото, измислено околу 1800 година п.н.е. и темел на сите азбучни системи, како што се хебрејски, арапски, грчки, и конечно латиница и кирилица.

Ова покажува на тоа дека луѓето во тоа време имале проблем со вошки во секојдневниот живот, а археолозите велат дека пронашле дури и микроскопски докази од вошки на чешелот.

Овој чешел прв пат беше ископан во 2016 година во Тел Лахиш, археолошко наоѓалиште во централниот дел на Израел, но дури кон крајот на минатата година еден професор при израелскиот Хебрејски универзитет ги забележал ситните зборови испишани на него. Детали за пронајдокот излегоа денеска во списанието Jerusalem Journal of Archaeology.

Главниот истражувач, археологот Јосеф Гарфинкел од Хебрејскиот универзитет, за Associated Press изјави дека иако со текот на годините биле пронаоѓани многу артефакти со канаанско писмо, ова е прв пат да биде пронајдена цела реченица.

Фактот што реченицата е пронајдена на чешел од слонова коска во палата во храм во древен град, заедно со спомнувањето на брада, укажува на тоа дека само богатите луѓе знаеле да читаат и пишуваат.

„Тоа е многу 'човечки' текст. Ни покажува дека луѓето навистина не се имаат променето, ниту пак вошките се промениле“, вели Гарфинкел.

Канаанците зборувале на древен семитски јазик, сроден со денешните хебрејски, арапски и арамејски, и живееле на просторот кој го зафаќал крајбрежјетро на Источниот Медитеран. Се верува дека тие го развиле првото абецедно писмо.

реклама

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе