Американскиот Стејт департмент неодамна бил цел на сајбер напад, на што предупредила командата за сајбер-одбрана на Пентагон.
Според извештајот на Пентагон, не е јасно кога е откриен упадот на хакерите, но се верува дека тоа се случило пред неколку недели, а исто така се тврди дека евакуациската мисија на Стејт департментот во Авганистан не е загрозена од нападот.
Во моментов се непознати степенот на нападот, кој стои зад него, напорите за ублажување на нападот и ризикот за операциите.
– Стејт департментот сериозно ја сфаќа својата одговорност за зачувување на податоците и континуирано презема чекори за да обезбеди заштита на информациите. Од безбедносни причини, во моментов не можеме да разговараме за природата или степенот на наводните безбедносни инциденти, изјави портпаролот на Стејт департментот за Fox News.