ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ПЕКИНГ 2022

Јада успеа - прв Македонец што завршил маратон на ЗОИ

Ставре Јада утринава успеа да го оствари она што го најави - да стане првиот македонски скијач кој комплетирал маратон на зимска Олимпијада.

Мора да се напомене и дека трката наместо на 50 километри беше смалена на 30 километри откако поради ниските температури и силниот ветер организаторите прво го одложија стартот за еден час, а потоа и ја скратија трката.

Јада на крајот заврши на 56. место од 59 натпреварувачи кои ја завршија трката (двајца останаа без пласман). Тој оствари време од 1:25:41,8 и заостана 14:09,1 минути зад победникот, Русинот Александр Болшунов (1:11:32,7).

Среброто замина кај Иван Јакимушкин од Русија, додека бронзата кај Симен Хегстад Кригер од Норвешка.

URL

Нашиот натпреварувач од претходно изјави дека целта во оваа крос-кантри дисциплина нема да му биде остварување резултат, туку завршување на трката, нешто кое му немаше појдено од рака на ниту еден наш олимпиец. Ставре успеа во намерата, остварувајќи го ветеното. Сепак, бидејќи трката не беше според предвидените 50 километри, иако дисциплината и натаму официјално го носи тоа име, мора да напоменеме дека 30 километри на ЗОИ 2002 помина и Ѓоко Динески.

„Горди сме на најдобрите македонски спортисти кои дадоа сѐ од себе на Зимските олимписки игри во Пекинг, Кина и им посакуваме, со заедничка квалитетна и напорна работа, на следните Зимски олимписки игри во Милано-Кортина 2026 да постигнат уште подобри резултати“, објави МОК по завршувањето на трката на Јада.

реклама

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе