Јануарски трансфери: Реал во трка со времето

Реал Мадрид би можел да се најде во големи проблеми со составот, откако Манчестер Јунајтед му даде интересна понуда на актуелниот европски шампион. Мурињо има голема желба да донесе барем еден играч од неговиот поранешен клуб и нема лесно да се откаже од идејата.

Според шпанските медиуми, Мурињо инсистира да добие едно од двете крила на Реал Мадрид, Герет Бејл или Марко Асенсио.

Тактичкиот пристап на Жозе Мурињо према овој трансфер е дека Реал Мадрид ќе мора да се откаже од едниот од двајцата крилни играчи, со оглед на тоа што и двајцата играат на истата позиција, а и двајцата сакаат првотимска улога во клубот.

Шпанскиот магазин Don Balon тврди дека интересот за Марко Асенсио е сепак поголем, бидејќи Мурињо е скептичен околу отпорноста на повреди на Герет Бејл. Покрај тоа, Асенсио има 21 година, а Бејл 28, што го прави Шпанецот подолгорочна опција за крилната позиција во Манчестер Јунајтед.

Се шпекулира дека цената на трансферот би можела да изнесува околу 80 милиони, без разлика дали се работи за Бејл или Асенсио.

Но, Зинедин Зидан вчера изјави дека не очекува засилувања во јануарскиот преоден рок, па затоа тешко е да се верува дека било кој од овие двајца играчи ќе биде продаден. Но, тука влегува и факторот на минутажата, која ја бараат двајцата играчи а само едниот може да ја добие. Поради тоа Реал Мадрид е ставен во тешка ситуација во која ќе се бори со времето до крајот на овој трансфер рок, кој завршува на последниот ден од јануари.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе