„Јавна соба“ е јасна слика за тоа што се случува во општество во кое нема сексуално образование, велат од ХЕРА

Жестока дебата се отвори на социјалните мрежи во врска со воведувањето на сеопфатно сексуално образование во наставата.

Илустрација: Никол Хванг

На Facebook групата „Од нас за нас“ беше изнесено лажно тврдење (што беше пренесено од некои интернет портали) за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното обарзование, додека предвидената пилот-програма е планирано да се воведе во деветто одделение во основното образование, како изборен предмет во четири училишта.

По бурните реакции на социјалните мрежи и изразената загриженост од бројни родители, Министерството за образование синоќа излезе со демант дека „веста е целосно лажна, а користените илустации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем“ и оттаму ги повикаа граѓаните, родителите и учениците да не подлегнуваат на непроверени информации коишто се шират на социјалните медиуми, затоа што „со истите се нанесува директна штета на Министерството за образование и наука, како и на целиот образовен систем“.

Што всушност претставува сеопфатно сексуално образование?

Пилот-програмата за ССО е резултат на двегодишната работа на работната група при Министерството за образование, Бирото за развој на образованието, Министерство за труд и социјална политика, Министерството за здравство и Министерството за финансии и ХЕРА за идентификување на национални стратегии за подобрување на содржината на сексуалното образование во наставата.

Кога беше најавена пилот-програмата во ноември, 2019 година, Бојан Јовановски од Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА, во однос на тоа кои професори ќе предаваат ССО, рече дека професорите и стручните лица кои имаат интерес ќе може самоиницијативно да се пријават.

„Тие ќе треба да поминат соодветна обука по прирачникот кој ние веќе го изработивме за наставници. Откако ќе ја поминат обуката, за кое е задолжено Бирото, ќе бидат сертифицирани и обучени, ќе можат да почнат да предаваат во тие одредени училишта. Важно е да се напомене дека таа програма ќе ја предаваат наставници кои ќе имаат желба, а не како ќе им се наметне. Различна е мотивацијата во училиштата, некаде е психологот помотивиран, некаде професорот по биологија, на трето место професорот по физичко.“

По жестоките дискусии на социјалните мрежи за содржината на ССО и кому е наменета, побаравме разјаснување во врска со имплементацијата на сеопфатното сексуално образование од организацијата ХЕРА и разговаравме со Теодора Милеска, врснички едукатор по сеопфатно сексуално образование од ХЕРА.

Во врска со изнесените невистини и дезинформации во јавноста за тоа која е предвидената содржина на ССО и за која возраст на ученици е наменето, Милеска појаснува:

„Станува збор за воведување на пилот-програма за сеопфатно сексуално образование во деветто одделение во основното образование, како изборен предмет во четири училишта. Темите кои ќе бидат опфатени се следните: род и пол, сексуално и репродуктивно здравје и ХИВ, сексуално насилство, граѓански аспекти и дискриминација, тело и слика за телото, како и врски и односи. Пилотирањето е еден вид истражување, чии резултати и наоди кои ќе се добијат по завршувањето ќе бидат основа за евентуално воведување како изборен предмет од страна на институциите во иднина.“

Во поглед на бенефитите од ССО за јавното добро, за превенција на сексуално насилство, како и за формирањето на информирано мислење и став особено кога јавноста е засегната од случаи како „Јавна соба“, Милеска од ХЕРА нагласува дека истражувањата укажуваат на многу придобивки од ССО.

„Пред сѐ, ССО ги информира младите за најразлични теми, од видови и употреба на контрацепција, препознавање на сексуално вознемирување и насилтво, квалитети на една здрава врска, согласност, како и ги едуцира младите за нивните сексуални и репродуктивни права и здравје. Ова придонесува да младите носат информирани одлуки во нивните животи и на тој начин се подобрува нивниот квалитет на живот.“

Понатаму таа додаде дека во однос на превенцијата на насилство, ССО навистина ги информира младите за сексуалното вознемирување и сексуалното насилство.

„Еден од клучните концепти е согласноста. Зборуваме за важноста на согласноста и почитувањето на одлуките на другите луѓе. Кај нас често кажувањето НЕ, се смета како ‘мотивација’ да се биде поупорен или понасилен во изнудувањето на согласноста кај другото лице. Ние учиме дека согласноста не важи засекогаш и таа треба да биде информирана и доброволна, а не присилена. Еден од нашите чести слогани е и ‘Жртвата никогаш не е виновна’“, вели Милеска и додава дека многу е важно да знаеме што е двојна виктимизација и кои се последиците од истата, како и да се избориме против тие наративи во нашето општество.

„Кога младите се едуцираат на овие теми, тие носат информирани одлуки во животот, тие ги знаат и почитуваат човековите права и се однесуваат одговорно. ‘Јавна соба’ и сличните случаи се само јасна слика за што се случува во општество во кое нема ССО“, заклучува таа.

реклама

Низ  Европа се креваат брани во очекување на рекордни врнежи и невидени поплави

Read more

Во очекување на циклонот Борис: Европа се подготвува за најголемите поплави во последните децении

Read more

3 цвеќиња со кои ќе ја разубавите градината и во есен

Read more

Трите најнегативни хороскопски знаци во Зодијакот

Read more

Македонија

Кадрите на Села и Ахмети печалеле од бизниси со коцкарници, обвини ВЛЕН и најави дека ќе обелодени повеќе случаи на корупција

Read more

Два авиона биле блиску до судир на небото над Скопје, започната истрага

Read more

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз, бараме веднаш да се пушти автобус

Read more

Дел од Центар денеска без струја

Read more
 

Вести

Прилепчанец фатен додека ограбувал викендичка

Читај повеќе

Во Бугарија потврден првиот случај на колера после 103 години

Читај повеќе
  • filter

Што си ветија Шојгу и Ким Џонг Ун на средбата во Северна Кореја?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Во БиХ падна првиот снег

Читај повеќе

Трамп: Ветувам дека ќе ги депортирам Хаиќаните, ги силуваат и убиваат нашите девојки

Читај повеќе

Низ  Европа се креваат брани во очекување на рекордни врнежи и невидени поплави

Читај повеќе

Внуката на Мусолини ја напушта партијата на Мелони оти била премногу десничарска

Читај повеќе

Главчев: Бугарија нема да преговара за условите од договорот со Северна Македонија

Читај повеќе

Кадрите на Села и Ахмети печалеле од бизниси со коцкарници, обвини ВЛЕН и најави дека ќе обелодени повеќе случаи на корупција

Читај повеќе