НБА 2023/2024

Јокиќ смени патики и ја скрши 30+ клетвата против Торонто

Денвер Нагетс ноќеска во Торонто ги победи Репторс со 113:104, а се чини дека новите патики му донесоа среќа на српскиот центар Никола Јокиќ.

Имено, кошаркарот на Денвер со дабл-дабл учинок го предводеше својот тим до петтата победа во последните шест натпревари, а синоќа за прв пат заигра во копачки на кинескиот бренд 361 Deegres и со тоа стана нивно водечко светско лице. Претходно Јокиќ беше член на семејството Nike, пред да потпише повеќегодишен договор со Кинезите.

Јокиќ го заврши натпреварот со дабл-дабл од 31 поен, 15 скока и 6 асистенции и на крајот успеа да забележи 30+ поени против Торонто. Да потсетиме дека Репторс беа единствениот тим во НБА против кој Јокиќ никогаш немаше постигнато 30 поени.

URL

Голема поддршка имаше кај соиграчот Џамал Мареј, кој имаше 20 поени, додека најдобри играчи за Торонто беа Скот Барнс со дабл-дабл од 30 поени и 10 скока и Камерунецот Паскал Сјакам со 18 поени.

Инаку, Денвер тргна агресивно од почетокот на натпреварот, а предноста постојано ја зголемуваше до паузата (61:44). Во вториот дел Торонто беше подобар тим, но не можеше да го загрози триумфот на гостите.

Денвер е на третото место во Западната конференција на НБА со 19 победи и 10 порази, додека Торонто е на 12. позиција на Истокот со скор 11-16.

Резултати:

Кливленд Кавалирс - Јута Џез 124:116
Индијана Пејсерс - Шарлот Хорнетс 144:113
Орландо Меџик - Мајами Хит 106:115
Филаделфија 76ерс - Минесота Тимбервулвс 127:113
Бруклин Нетс - Њујорк Никс 102:121
Торонто Репторс - Денвер Нагетс 104:113
Чикаго Булс - Лос Анџелес Лејкерс 124:108
Хјустон Рокитс - Атланта Хокс 127:134
Далас Маверикс - Лос Анџелес Клиперс 111:120
Сакраменто Кингс - Бостон Селтикс 119:144

Табела:

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Нови пресметки од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ има еден мандат помалку, ЗНАМ еден повеќе

Read more

Кошарка

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Read more

Јокиќ трет пат во кариерата е МВП во НБА

Read more

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Read more

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Читај повеќе

Што значеше пораката под дресот на Родриго?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ трет пат во кариерата е МВП во НБА

Читај повеќе

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе