ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Јунајтед го назначи Рангник за привремен тренер

Манчестер Јунајтед соопшти дека германскиот стратег Ралф Рангник ќе го води тимот до крајот на оваа сезона.

Крај на сите шпекулации околу новиот тренер на Манчестер Јунајтед, барем до јуни. Германецот и англискиот клуб постигнаа договор тој да го води тимот како привремено решение, но потоа да остане уште две години во клубот како консултант.

„Ралф е еден од најценетите тренери и иноватори во европскиот фудбал. Тој беше наш кандидат број еден за улогата на привремен тренер, со оглед на неговото непроценливо лидерство и технички квалитети тој ќе ни донесе речиси четиридецениско искуство во менаџирањето и тренирањето. Сите во клубот едвај чекаат да работат со него за време на сезонава, а потоа и во наредните две години во улога на консултант“, рече клупскиот директор Џон Мартоу.

URL

Германскиот стратег не го криеше задоволството што првпат ќе води екипа надвор од својата татковина и тоа во великан како клубот од „Олд Трафорд“.

„Возбуден сум што доаѓам во Манчестер Јунајтед и се фокусирам сезонава да ја направам успешна. Тимот изобилува со талент и има одличен баланс на младост и искуство. Сите мои напори за наредните шест месеци ќе бидат на тоа да им помогнам на овие играчи да го достигнат својот потенцијал, како индивидуално, така и како тим, што е и најважно“, изјави Рангник.

Мајкл Карик, кој ја имаше улогата на вршител на должноста ќе остане на клупата на Јунајтед додека работната виза на Рангник се финализира.

„Клубот сака да му се заблагодари на московски Локомотив за нивната соработна во процесот на доаѓањето на Ралф во Манчестер Јунајтед“, нагласи клубот со оглед на тоа што Германецот од почетокот на летото беше кај Локомотив во улога на менаџер за спорт и развој.

За 63-годишниот Рангник ова е прв тренерски предизвик надвор од својата татковина каде има водено клубови како Лајпциг, Шалке 04, Хофенхајм, Ханофер, Штутгарт, Улм, Ројтлинген и други помали.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more
 

Спорт

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе