СЕРИЈА А 2019/20

Јувентус - Интер сепак без публика

Најголемото италијанско дерби и веројатно одлучувачка пресметка за титулата дефинитивно ќе се игра пред морничава атмосфера поради безбедносните мерки за ширењето на корона вирусот.

Како што се најавуваше, се оствари најлошото сценарио. Голем натпревар како Дерби д'Италија ќе се игра без присуство на публика. Премиерот Џузепе Конте уште од минатото коло воведе забрана прво на одржување спортски натпревари, а потоа донесе одлука да може да се одржуваат, но пред празни трибини.

Имаше натегања дека можеби исклучок ќе биде направен за големото дерби во Торино кое в недела вечер ќе го одиграат првопласираниот Јувентус и третопласираниот Интер. Сепак, и покрај огромното значење на натпреварот, алармантната ситуација со ширењето на корона вирусот во Италија си го направи своето.

Играњето зад затворени врати не е само удар за оние кои купиле карта и сакаа да го збогатат овој спектакл, туку и за оние кои на малите екрани ќе бидат сведоци на театарска атмосфера, како и за фудбалерите кои ќе бидат најпогодени бидејќи никој не сака да игра без публика, особено не вакво дерби.

Интер веќе одигра еднаш на таква морничава атмосфера. Синоќа во Лига Европа го пречека Лудогорец, а натпреварот личеше како да е некој тренинг натпревар слушајќи се ехо од тренерите и нивните помошници како довикуваат до играчите.

Огорченоста на навивачите е зголемена и поради фактот што Јувентус не сака да им ги врати парите на навивачите кои ем си купиле карта, ем им е забрането да присуствуваат на натпреварот. За разлика од „Бјанконерите“, Интер во целост им ги врати парите на навивачите за синоќешниот натпревар. Од таборот на Јуве најавија дека размислуваат како да им се оддолжат на навивачите, меѓутоа не и со враќање на парите.

Покрај големото дерби, без публика ќе се играат и натпреварите: Удинезе - Фиорентина, Милан - Џеноа, Парма - СПАЛ и Сасуоло - Бреша. На останатите ќе биде дозволено присуство на навивачи.

Официјално соопштение за натпревари без публика во PDF формат.

Правила за присуство на лица на натпреварите без публика во PDF формат.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе