Јувентус ја одби понудата на Челзи за Игуаин, инсистира да го продаде Аргентинецот

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин му даде до знаење на неговиот актуелен клуб Милан дека сака му се приклучи на неговиот поранешен тренер Маурицио Сари во Лондон. Јувентус и Милан во наредните неколку дена ќе разговараат околу раскинување на неговата позајмица, бидејќи Игуаин со сигурност не е среќен во Милано.

Челзи веќе го контактираше Јувентус околу потенцијална позајмица, но италијанскиот шампион инсистира дека не сака да го позајму играчот, туку наместо тоа сака да го продаде.

Милан веќе ја започна потрагата за нов напаѓач, откако Гонзало Игуаин му соопшти на раководството дека очекува да си замине од Милано веќе овој месец. Во моментов двата италијански клуба се наоѓаат во Саудиска Арабија, каде ќе се одигра италијанскиот Суперкуп.

Засега Леонардо и Паоло Малдини го идентификуваа Криштоф Пјонтек како замена на Аргентинецот, но одлуката за иднината на Игуаин сепак стои во рацете на Јувентус, бидејќи тоа и понатаму е клубот со кој тој има постоечки договор.

Челзи, пак, се обидува да го замени Алваро Мората со Гонзало Игуаин бидејќи Шпанецот не импресионира со голгетерските способности откако пристигна на Стемфорд Бриџ. Тој преферира да се врати во Ла Лига, каде што тимот на Севиља е силно заинтересиран за неговите услуги, но постои интерес и од Атлетико Мадрид и Барселона. Сепак, раководството на Челзи напомена дека Мората нема да замине во случај да не успеат да обезбедат замена за него.

Најголемиот проблем во целата ситуација го има Милан, кој во составот има само двајцата напаѓачи: Гонзало Игуаин и Патрик Кутроне. Поради Финансискиот фер плеј, Милан не може да троши големи суми во јануарскиот преоден рок, што значи дека останувањето на Игуаин би можело да биде единствената опција за италијанскиот клуб.

Разврска на трансфер-сагата се очекува во наредните неколку дена, откако Милан и Јувентус ќе го одиграат натпреварот од Суперкупот на Италија.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе