Јувентус сака да го врати Погба, Јунајтед подготвен за преговори

Италијанскиот шампион Јувентус сака на позајмица да го врати францускиот фудбалер Пол Погба, од Манчестер Јунајтед во следниот трансфер период.

Имено, Погба поради наводни несогласувања со тренерот Жозе Мурињо би можел повторно да го облече дресот на „Старата дама“, екипата која ја напушти летото 2016 година, за да направи трансфер во Јунајтед за тогаш рекордни 105 милиони евра.

Според пишувањата на медиумите на Островот, Јунајтед дури и одредил цена од 160 милиони евра за трансфер, но Јувентус прво би сакал да го доведе Погба само на позајмица.

Меѓутоа, Јуве би можел да има сериозна конкуренција во ПСЖ, кој наводно исто така пројавил интерес да го види Французинот во своите редови, но претходно од клубот од Парис ќе мораат да видат како стојат со финансискиот фер плеј на УЕФА.

За потсетување, Погба кариерата ја почна во Јунајтед. Меѓутоа, не се согласуваше со Ферги, па легендарниот тренер на „Црвените ѓаволи“ немилосрдно се откажа од неговите услуги, за потоа Погба да замине во Јуве каде со своите феноменални партии за четири сезони се трансформираше во еден од најдобрите играчи за врска со светот.

Французинот оваа сезона одигра 32 натпревари за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања, притоа постигна пет погодоци и запиша 12 асистенции.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе