Кајгана fun with flags: Епизода 4 - кога синот на претседателот црта знаме

Дали сте знаете дека во светов постои држава која користи знаме нацртано од син на претседател? Згора на тоа, цртежот потоа во знаме го претворила првата дама на истата држава, односно мајката на синот на претседателот.

Средноамериканската држава Панама е уникатна по многу работи, а една од нив е и нејзиното знаме.

Откако Панама била на работ да избори независнот од Колумбија во 1903 година, на новата држава ѝ било потребно знаме. Во знак на благодарност кон САД поради поддршката не само за независноста, туку и за изградбата на Панамскиот канал, првичниот предлог бил знамето на Панама да биде како она на САД, со 7 црвени ленти и 6 жолти (наместо белите на САД), додека во горниот лев агол наместо бели ѕвезди на сина позадина да има две поврзани сонца кои ја претставувале Северна и Јужна Америка, со Панама како мост помеѓу нив. Меѓутоа, ова знаме лично го одбил тогашниот претседател на Панама, Мануел Амадор Гереро.

Одбиениот предлог

На 1 ноември истата година синот на претседателот, Мануел Енкарнасион Амадор, кој важел за вешт уметник, нацртал негов предлог-знаме со 4 правоаголници од кои два бели и по еден син и црвен, а во белите кај едниот сина ѕвезда, додека кај другиот црвена.

Оригиналниот цртеж на талентираниот Мануел

Цртежот ѝ го покажал на мајка му, Мариа де ла Оса де Амадор, која потоа успеала со помош на блиски роднини да направи три копии на новото предлог-знаме и притоа успешно да ја избегне потерата од колумбиската армија. Сите три копии по независноста на 3 ноември биле успешно однесени во главниот град Панама Сити по што почнало масовно производство на панамското знаме.

Знамето на синот на претседателот

Сепшак, ова знаме потоа претрпело мала промена. Бидејќи веднаш по независноста сината боја станала препознатлива за една од најголемите политички партии во државата, била направена промена на редоследот на правоаголниците, па така горниот лев правоаголник, кој во оригиналната верзија бил син, станал бел. Воедно, за сината боја била употребена потемна верзија. Почнало да се користи на 20 декември 1903, а официјално било ратификувано со закон наредната 1904 година.

Знамето се променет распоред на правоаголниците кое се користи денес

Токму оваа верзија до ден денес се користи како официјално знаме на Панама.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Чек дис аут

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Read more

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе