Како да препознаете дека зачините повеќе не се за употреба?

Зачините имаат подолг рок на траење од повеќето намирници во кујната, поради што многу луѓе всушност и забораваат дека воопшто имаат рок на траење. Сепак, тој рок не е единственото нешто на што треба да обрнете внимание.

Понекогаш зачините треба да се фрлат иако рокот на траење е сѐ уште добар, бидејќи можеби не биле правилно складирани.

„Зачините треба да ги фрлитњ кога ќе се смени текстурата. Ако не изгледаат исто како кога ги купивте, веројатно е време да се ослободите од нив. Зачините што се влажни, имаат грутки или се доста тешки, подобро е да се фрлат отколку да се стават во чинија“, вели Вики Кано, готвачка и создавачка на рецепти во компанијата Mealfan.

Тоа може да значи дека им влегла влага, а со тоа и постои голема шанса да се развие мувла во нив.

„Добро е да се биде внимателен, бидејќи никој не сака да ризикува да консумира стари и лоши зачини и со тоа да се изложи себеси или некој друг на ризик од труење со храна“, додава нејзината колешка Ен Кларк, експерт за храна и сопственик на My Kitchen Serenity.

Покрај текстурата, проверете го мирисот и изгледот

Дури и ако не се појавила мувла во зачините, промената на текстурата може да укаже на губење на вкусот и свежината.

„Повеќето зачини се со светла боја и таа боја не се менува додека се свежи, но ако бојата се променила, подобро е да ги фрлите. Од друга страна, зачините со природно матни бои ќе станат некако прашливи кога ќе ја изгубат свежината. Кога станува збор за мирисот, зачините ја губат аромата кога се расипуваат. Значи, доколку за да го почувствувате зачинот треба да нурнете со носот длабоко во теглата, можеби е време да се ослободите од него“, советува Лори Богедин, кулинарски експерт и основач на TwigsCafe.

Сите зачини немаат ист рок на траење

„Важно е да знаете колку долго може да се чуваат одредени зачини. Различни зачини имаат различен рок на траење, во зависност од тоа како се постапува со нив пред продажбата и како потоа се чуваат“, вели Џулија Бобак, креатор на содржина на веб-страницата за храна Home Grounds.

„Мелените зачини може да се чуваат до три години, но обично почнуваат да се распаѓаат по шест месеци. Зачините на парче обично траат до четири години, додека сушените листови билки можат да траат три години, но после првата година треба редовно да се проверуваат“, појаснува таа.

Како да им се продолжи рокот на траење?

Експертите велат дека постојат некои работи што можете да ги направите за да спречите расипување на зачините, и со тоа нивно фрлање.

Како прво, не правете огромни залихи дома, туку купувајте помали количини. На тој начин, тие нема да има време да се расипат или да привлечат влага во себе, бидејќи на време ќе ги потрошите.

„Ако купувате зачини во прекумерни количини и постојано ги изложувате на светлина и воздух, тие многу брзо ќе почнат да изгледаат лошо. Зачините се чувствителни на околината и треба да се чуваат на места каде што не се изложени на светлина и воздух. Можете да ги чувате во херметички затворени садови. Користете стаклени садови, цврсто затворете го капакот и чувајте ги во ормарот“, советува Емили Перес, кулинарска експертка од Kitchen Infinity.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе