Како да се победат Вориорс и тимови кои можат да го направат тоа

По долги месеци чекање, конечно започна новата сезона во НБА лигата. Фаворитот е истиот како и изминатите две години - Голден Стејт Вориорс, а останатите тимови се обидуваат да направат сѐ што можат за да ги тргнат момците од Оукленд од врвот.

Обложувалниците и кошаркарските фанови веќе предвидуваат дека и оваа сезона шампионот ќе биде истиот како и минатата - Голден Стејт Вориорс. Сепак, тоа не може и не смее да значи дека останатите 29 тимови треба да се откажат и да не ја играат сезоната.

Составот на Вориорс е веројатно најдобриот колектив кој го имаме видено во клупската кошарка. Силните индивидуалци во составот му овозможуваат на тимот да се приспособи према играта на било кој противник, а присуството на Демаркус Казнс отвора целосно нова димензија кај Вориорс, нешто што го немаа во изминатите неколку години - офанзивна моќ во рекетот. Тој се наоѓа во одлична ситуација бидејќи нема потреба да брза со враќањето од повреда, ниту пак треба да се грижи дека кога ќе биде здрав ќе има силна конкуренција за неговото место. Додека е повреден, тој ќе биде тутор на помладите играчи од тимот како Џордан Бел и Кевон Луни, а кога ќе се врати на терените ќе биде новото сјајно оружје во Голден Стејт.

 

Не постои начин за кој со сигурност можам да кажам дека е решението за обезбедување победа над Голден Стејт Вориорс. Доколку главните играчи на шампионот се здрави, тешко може да се замисли дека на крајот од сезоната некој друг тим ќе го подигне трофејот „Лери О’Брајан“. Но, надежта на останатите тимови не умира тука, бидејќи иако Вориорс ја освоија титулата минатата сезона, сепак покажаа слабости. Минатата сезона повредата на Андре Игудала за малку ќе ги чинеше елиминација во финалето од Западната конференција, а се добива впечаток дека токму повредата на Крис Пол беше клучниот елемент кој го одлучи победникот во таа серија. Тимовите кои ќе се борат за врвот оваа сезона уште отсега се надеваат дека Буги нема да се врати во препознатливата форма, па ја гледаат шансата за победа во напаѓањето на и онака дефанзивно лабилниот Казнс.  Вориорс оваа сезона имаат далеку поталентиран состав, но со сигурност ќе недостасува борбеноста на Заза Пачулија и Џавел МекГи, кои иако статистички не придонесуваа многу, не им беше проблем да ја вршат „валканата“ работа на теренот.

Најголемата предност на Вориорс во однос на останатите тимови е темпото со кое играат во текот на целиот натпревар. Квалитетот на составот им овозможува да играат со екстремно високо темпо кое во изминатите години се покажуваше како клуч за победа во поголемиот дел од натпреварите. Доколку некој од тимовите може да одговори на темпото на Вориорс, тоа ќе го доближи чекор поблиску до совладување на шампионот. Е сега, тоа е полесно да се напише отколку да се направи, но постојат тимови кои би можеле да претставуваат проблем за момците од Голден Стејт. За нив малку подолу.

Еден од начините да се добие натпревар против Вориорс е напаѓање на мисмечот. Ако противничките тимови доволно често го употребуваат пик енд ролот за да направат мисмеч над центрите и Стеф Кари, шансите за победа значително се зголемуваат. Кари е солиден дефанзивец кога е оставен 1-на-1, иако многумина би рекле дека тој е минус во одбрана во поголемиот дел од плејоф натпреварите. Но, „фаќањето во замка“ на Кари со поголем противнички играч скоро секогаш резултира со поени за противничкиот тим. Од друга страна, Вориорс немаат центри кои играат добра одбрана надвор од рекетот, освен можеби Џордан Бел. Кевон Луни изгледа како да нема ни желба да игра одбрана подалеку од два метри од обрачот, иако ги има сите предиспозиции да го прави тоа. Тој, Демијан Џонс и Казнс (кога ќе се врати во составот) ќе претставуваат големи проблеми во одбраната ако бидат изнесени надвор од рекетот, а Казнс не е сјаен дефанзивец ниту во него. Мисмеч на Буги или Џонс со противничките бекови би можел да биде пеколен за Вориорс, а противниците веќе го знаат тоа.

Кои тимови можат вистински да му конкурираат на Голден Стејт Вориорс?

Почнуваме со очигледниот избор - Хјустон Рокетс. Рокетси минатата сезона беа на чекор од финалето, но повредата на Крис Пол се покажа како пресудна во финалната серија на Западот која траеше седум натпревари. Со малку среќа и паметно користење на ротацијата која ја има, тимот на Хјустон Рокетс може да се покаже како достоен противник за Голден Стејт Вориорс. За да се случи тоа Џејмс Харден, Крис Пол и Клинт Капела мораат да останат здрави во текот на целата серија а останатите играчи како Ерик Гордон, Џејмс Енис и Ти Џеј мораат да дадат се од себе па дури и да се надминат за да излезат на крај со најдобриот состав во лигата. Во првиот натпревар од сезоната Кармело Ентони започна од клупата, но неговата позиција улога во тимот може да се смени доколку тој се врати во старата форма, кога постигнуваше по 25 поени со неверојатна леснотија. Ако сите горенаведени услови се исполнат, тогаш можеме да гледаме уште една епска серија помеѓу двата тима.

Реална шанса за освојување на шампионската титула сезонава има и тимот на Бостон Селтикс. Ротацијата која ја предводат Кајри Ирвинг, Ал Хорфорд и Џејсон Тејтум е одлично надополнета со играчи како Маркус Смарт, Гордон Хејворд, Џејлен Браун, Тери Розиер и останатите. Без сомнение, Селтикс го имаат најширокиот состав во лигата и поради тоа се фаворити за освојување на Истокот, што ги носи во финалето на двобој со најуспешниот тим од Западната конференција. Уште во првиот натпревар Џејсон Тејтум покажа дека е подготвен во оваа сезона да покаже дека е лидер на овој млад, перспективен тим на Бостон, а Кајри Ирвинг и Ал Хорфорд ќе му бидат одлична сениорска поддршка на патот до врвот.

Во овој момент морам да напоменам дека ги гледам Бостон Селтикс и Хјустон Рокетс како единствените сериозни кандидати за преземање на шампионскиот трон на Голден Стејт Вориорс. Постојат само уште два тима кои сметам дека можат да му направат проблем на актуелниот шампион, но за да бидат вистинска закана, мораат да продолжат со подобрување.

Едниот од нив е Лос Анџелес Лејкерс. Добро, знам дека звучи смешно но обидете се да дочитате до крај. Не верувам дека овој тим на Лејкерс ќе ја заврши сезоната со истиот состав. Уште од првиот натпревар беше очигледно дека на Лејкерси им недостасуваат играчите на позициите околу обрачот. Џавел Мекги не може сам да го запре секој противник кој оди кон кошот, а младиот Ивица Зубац изгледа како да не е подготвен да добива големи минути, барем не во оваа сезона. Доколку раководството на Лејкерс успее да направи неколку добри трејдови за играч како Џими Батлер, Ентони Дејвис или пак некоја од останатите ѕвезди од НБА лигата. На крајот од денот, не можам така лесно да отпишам тим во кој игра Леброн Џејмс, така што Лејкерси се наоѓаат на мојата листа конкуренти.

Последниот тим е Оклахома Сити Тандер. Слично како кај Лејкерс, и составот на Оклахома Сити Тандер во овој момент не е подготвен за да излезе на крај со Голден Стејт Вориорс. Но, допрва во составот треба да се вратат Расел Вестбрук и Андре Роберсон, двајца играчи кои можат да направат разлика на теренот. За разлика од минатата сезона, сега работите се помирни во Оклахома, посебно откако Кармело Ентони го напушти тимот. Единствениот услов кој мора да го исполнат играчите на Тандер е да го вратат победничкиот менталитет на теренот, а тоа мора, повторувам, МОРА да се случи преку Расел Вестбрук. Ако Вестбрук, Пол Џорџ, Андре Роберсон и Стивен Адамс излезат на теренот против Вориорс со намера да играат како тим и да бидат посветени во одбраната, тогаш навистина можат да бидат конкурентен тим за елиминирање на актуелниот шампион.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе