Како да успее врската на далечина, четири работи се клучни

Доколку некогаш сте имале искуство со врска на далечина тогаш веќе знаете колку напор треба да се вложи бидејќи не е лесно да се одржат самодовербата и сигурноста кога саканата личност не ја гледате често.

Овие совети можат да ви помогнат врската на далечина да успее:

1. Избегнувајте тајни

Во секоја врска најважна е искреноста, особено кога врската функционира на далечина. Секогаш разговарајте за тоа дали нешто ве мачи и како со заеднички сили да го пребродите лошиот период.

Тоа нема да го постигнете со криење работи од партнерот или недоволна комуникација.

2. Разговарајте секојдневно

Со помош на технологијата нема причина да не разговарате секој ден, тоа ќе ја зацврсти врската. Експертите за врски препорачуваат почесто да испраќате гласовни пораки бидејќи преку текстуалните не може секогаш да се заклучи што мислите.

3. Дефинирајте ја сериозноста на врската

Пред да се впуштите во овој однос, мора да ги дефинирате условите. Врската на далечина подразбира пожртвуваност, но ако навистина верувате дека сте еден за друг, тогаш тоа нема да ви биде важно. Договорете се колку пати дневно ќе се слушате во зависност од обврските кои двајцата ги имате и дали може да се гледате со други луѓе.

4. Имате јасна цел

Ваквиот вид однос не може засекогаш да функционира. Затоа е важно уште од почетокот да ја одредите целта со партнерот. Верувањето и стремењето во иднина конечно да живеете на исто место е најважно за вашата врска.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Љубов и секс

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе