Како да знаете дали сте подготвени да чувате куче?

Многу од вашите пријатели имаат кучиња и секогаш ви причинува задоволство да си играте со нивните миленици. Исто така, многу кучиња ви приоѓаат во паркот, што значи дека не се плашат од вас, што е важна карактеристика на иден сопственик на куче. Сепак, вдомувањето куче не е мала одлука.

Треба добро да размислите пред да го преземете овој чекор, бидејќи кучињата не се повратна стока. За жал, многу луѓе сфаќаат дека кучето е преголема одговорност и таквите животни завршуваат на улица, без никој да се грижи за нив. Доколку се двоумите дали сте подготвени за куче или не, обрнете внимание на следните редови. Ако се најдете во нив, можеби е добра идеја да ја преиспитате вашата одлука.

Вашиот стан е премногу мал – иако некои раси на кучиња се посоодветни за мали животни простори како што се чивава и малтезер, на повеќето други ќе им треба простор за растење, игра и забава. Ако навистина имате многу малку квадрати на располагање, а сте планирале поголема од овие раси, размислете на каков живот го осудувате вашето куче.

Имате премногу обврски – Кучињата бараат многу внимание. Доколку имате премногу обврски поради работата или студиите, прашање е дали ќе успеете доволно да се посветите на својот миленик. Потребно му е секојдневно четкање, хранење, играње, прошетка, но и одење на ветеринар, шишање и други работи за кои е потребно време.

Имате финансиски проблеми – Згора на сето горенаведено, чувањето куче дома е скапо. Од храна, до ремче, каивче, шампони, играчки до душеци за спиење. Исто така, има часови за тренирање, вакцини, чипирање, стерилизација и други важни ставки кои чинат пари. Доколку моментално не сте во добра финансиска ситуација, подобро е да почекате пред да земете куче.

На кучињата им е потребен постојан тренинг и дресура - Тренингот на кучето може да биде доста напорен. Ако немате доволно време и пари да се посветите на тоа, покрај себе ќе имате куче кое не е соодветно дресирано и нема да ве слуша. Таквите кучиња се склони кон деструктивно однесување во куќата, како и да напаѓаат други луѓе и кучиња.

Кучешки влакна ќе има насекаде низ станот - Многу раси на кучиња се митарат. Ова би значело дека и покрај редовното четкање, влакната на вашето домашно милениче ќе ги најдете на мебелот и теписите. Освен тоа, подгответе се вашата гардероба да биде полна со кучешки влакна. Ако ова ви изгледа како нешто што би ви пречи, сметајте дека сè уште не сте подготвени за куче.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе