Како инсектите создаваат електрицитет и влијаат на атмосферските прилики?

Ново истражување покажа дека мнозинството летечки инсекти можат да го наелектризираат воздухот и да ги изменат атмосферските прилики.

Кога пред половина век познатиот математичар Едвард Лоренц се запрашал дали пеперутка што мавта со крилјата во Бразил може да предизвика торнадо во Тексас преку хаотичен домино ефект, никој не претпоставувал дека треба само малку да се преформулира прашањето. Затоа што сега знаеме како инсектите со крилја можат да го наелектризираат воздухот во непосредната околина и во многу поголема мера отколку што се претпоставуваше.

„Отсекогаш се трудевме да разбереме како физиката влијае на биологијата. Во одреден момент сфативме дека биологијата исто така влијае на физиката. Бевме заинтересирани за тоа како различни организми користат статички електрични полиња кои се наоѓаат речиси насекаде“, вели биологот Елард Хантинг од Универзитетот Бристол во Англија.

Инсекти и електричен полнеж

Бидејќи ситните тела на инсектите можат да соберат позитивна наелектризираност додека се хранат - било тоа да е поради триењето на молекулите од воздухот или од нивните крилја кои брзо се движат, или пак поради слетувањето на површини со електричен полнеж, веќе се знаеше дека тие поседуваат одреден полнеж. Меѓутоа, со оглед на тоа што никој никогаш не го проучувал потенцијалот на инсектите во роеви и големи групи, Хантинг и неговите колеги со помош на детектори за електрични полиња одлучиле да го следат градиентниот потенцијал на рој пчели.

Резултатот до кој дошле за само 3 минути, ги изненадил, бидејќи откриле дека градиентниот потенцијал над кошницата се зголемувал за 100 волти на метар, а во некои случаи дури и 1.000 волти по метар - што укажува дека тие можат да произведат и до осум пати поголема густина на наелектризираност од кумулонимбусите (облаци кои предизвикуваат бури со грмотевици). Дополнителните анализи утврдиле дека полнежот бил поврзан со концентрацијата, па на тој начин успеале да предвидат како одреден број инсекти може да влијаат на атмосферската состојба.

Истражувачите се согласуваат дека резултатите укажуваат на тоа дека инсектите не предизвикуваат бури, но дека можат на друг начин на влијаат на временските прилики - електричните полиња во атмосферата можат да ги јонизираат честичките од прашина и загадување и така да го изменат нивното движење на непредвидливи начини.

Истражувањето е објавено во магазинот iScience

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Наука

Универзумот ќе исчезне порано отколку што се мислеше

Read more

Ќе ги чуваме податоците на стаклени плочки: Траат 5.000 години и можат да издржат печење во рерна

Read more

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more

Повеќето Европејци знаат за квантната технологија, но не знаат што е тоа

Read more
 

Гик

Десктоп режимот доаѓа на Android

Читај повеќе

TikTok воведува голема промена за децата што скролаат по 22 часот

Читај повеќе
  • play_arrow

Кина почна да гради суперкомпјутер во вселената

Читај повеќе

Qualcomm го претстави Snapdragon 7 Gen 4: AI и гејминг моќ за телефони од средна класа

Читај повеќе

Најдобрите Android телефони за 2025

Читај повеќе

ChatGPT доби голема бесплатна надградба

Читај повеќе

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Читај повеќе

Android 16 е значително побезбеден и поотпорен на измами

Читај повеќе

Nintendo без милост кон пиратеријата

Читај повеќе