Американскиот актер Били Зејн најмногу е препознатлив по улогата на Каледон Хокли во култниот „Titanic“, а 25 години по снимањето на филмот тој изгледа многу поразлично.
Кога и да промовира филмови, серии, претстави или проекти, Зејн секогаш го препознаваат како главниот негативец од „Titanic“, па е како во сенка на тоа филмско остварување.
И додека јавноста го памети како згодниот Кал од „Titanic“, Били денес има 56 години и изгледа сосема поинаку. На Instagram сподели фотографии како изгледа 25 години од премиерата на култниот филм.
Покрај тој филм, Зејн оствари и други впечатливи улоги. Глумеше во „Zoolander“, а потоа и во неколку серии како „Charmed“, „Twin Peaks“, „Cleopatra“ и „True Story“.
Глуми и во театар, а исто така е партнер во продукциска компанија и дистрибутер на содржини.