Како изгледа совршената жена во 2020 година?

Б.С.Б.
/ 05.11.2020 / 14:06

Како изгледа совршената жена во 2020 година? Одговорот на ова прашање го даде секс-експертката Трејси Кокс, по прилично интересна анализа.

„Да го поставев ова прашање пред 10 години ќе добиев одговори од типот „Јас сум тип кој сака добри нозе“ или „Јас сум тип кој сака добри гради“. Веројатно би се расправало за бринети и русокоси. Денес, одговорот е сосема поинаков. „Првата работа која ме привлече кај жена ми се нејзините очи“, ми напиша еден маж на Twitter кога го поставив ова прашање. „Слабата фигура не игра важна улога, како ни висината или големината на градите. Клучната работа за мене е карактерот“, додаде друг. „Всушност немам идеален тип. Сметам дека интелигентните, забавните и привлечните жени доаѓаат во сите облици, големи и бои“, напиша трет“, вели Кокс, заклучувајќи дека мажите денес не се опседнати со облини и совршен изглед, како порано.

Нашата слика за женско совршенство драматично се промени во последните 10 години отколку во претходните 100 години, пишува и National Geographic.

Се разбира мажите секогаш ќе останат заинтересирани за одредени физички особини и тоа од еволуциски причини, пишува Кокс.

„Младоликоста, широките колкови кои асоцираат на плодност, сјајната коса и чистата, нежна кожа, сето тоа асоцира на способноста на жената да забремени и храни дете кога ќе го роди. Универзалната привлечност во обликот на тело е поткрепена и во науката“, вели таа додавајќи го како пример изгледот на манекенката Кели Брук која по тие параметри е идеална.

Според студија од 2016 година на Универзитетот во Тексас, токму телото на Кели Брукс е совршено. Идеалните мерки се покажале 99-63-91, висина 168 сантиметри.

Дали во 2020 година телото на Кели се смета за совршено? И да и не.

Во текст за Daily Mail, Кокс тврди дека во 2020 година нема идеален тип на жени.

„Убавината е помалку во тоа како изгледате, а повеќе во тоа кој сте. Тоа што го зборувате, печатот на вашата личност. Нашата дефиниција на привлечно денес е многу повеќе од изгледот“, вели таа.

Друго истражување откри дека мажите повеќе сакаат жени со просечен изглед отколку „манекенски“ тип. Убавото лице секогаш е на листата желби на партнерот, оценета како поважна од доброто тело. Но, карактерот секогаш котира високо, па во 2020 година е на првото место.

Но, да не се лажеме, смета Кокс. Жените сè уште живеат по нереални стандарди за убавина, а сега прашањето е кој ги поставува? Ботоксот и пластичните операции се најпопуларни сега, а идеал за убавина се жени како сестрите Кардашијан, кои се препознатливи по естетските зафати.

„Instagram нè поттикнува на другите да ги презентираме идеалните фотографии од нашето тело и лице, да ги провлекуваме низ филтри. Поради тоа многу жени имаат проблеми со менталното здравје бидејќи не изгледаат како фотографиите кои ги гледаат на социјалните мрежи. Се приближуваме до општество во кое убавината би можела да биде многу повеќе од само физичкото. Но, сè уште не сме го постигнале целосно тоа“, вели Кокс.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе