Развојот на новата генерација на BMW Серија 7 е во тек, но ќе почекаме уште најмалку една година пред официјалното претставување. Се појавија рендери кои наговестуваат како би можело да изгледаат новите модели.
Руското списание Kolesa.ru објави фотографии кои наговестуваат како би можело да изгледа луксузниот германски модел.
На рендерот се гледа и решетката за ладилникот која има „нормална“ големина.
Можно е новата Серија 7 да не биде претставена до 2022 година, а познато е дека BMW ќе понуди и потполно електричен модел кој ќе ја носи ознаката i7.
Електричната Серија 7 ќе биде ривал на електричната верзија на легендарната Mercedes С Класа.