Како ќе изгледаат луѓето за 1.000 години?

3D приоказот Mindi дава увид како луѓето поради прекумерната употреба на технологијата ќе изгледаат за 1.000 години.

Нема сомнение дека технологијата игра голема улога во животот на огромното мнозинство луѓе, но што му прави времето минато пред екраните на човечкото тело? Ако им се верува на различните истражувања и мислења што TollFreeForwarding ги собра и ангажираше 3D уметник да ги визуелизира, луѓето од иднината ќе бидат стуткани, ќе имаат неприродна положба на рацете и ќе развијат дополнителен очни капаци!?

Овој 3D приказ, наречен Mindi, ги прикажува екстремните трансформации на човечкото тело поради прекумерната употреба на технологијата во следните 1.000 години. Според извештајот, дизајнот на модерната технологија и човечките навики имаат огромно влијание врз начинот на кој стоиме и седиме - постојаното прилагодување на положбата за да гледаме во телефон или монитор ги оптоварува деловите од нашето тело кои го одредуваат нашето држење. Ова би требало да доведе до подгрбавен грб и спуштен врат.

Како што понатаму се вели, прекумерната употреба на паметни телефони може да доведе до анатомска промена на раката, наречена „канџа“, која би предизвикала свиткување на прстите кон дланките, но тоа не е сè - луѓето од иднината би развиле и „лакт паметен телефон“, синдром предизвикан од притисок или со истегнување на улнарниот нерв, поради што рацете во природна положба би биле свиткани на 90 степени.

Најчудната промена е секако вториот очен капак. Цитирајќи истражување дека екраните предизвикуваат главоболки, замор на очите, па дури и слепило, TollFreeForwarding претпоставува дека луѓето ќе развијат втор очен капак за да се заштитат. Овој нов капак ќе служи само за филтрирање на сината светлина, пропуштајќи ги другите бранови должини, како зелената, жолтата и црвената.

Она што не се гледа на сликите, но се споменува во извештајот, е дека луѓето ќе развијат подебели черепи за да се заштитат од штетното електромагнетно зрачење. Се наведува дека овој вид на зрачење има посебно влијание кај децата, кои поради послабо развиените и потенки черепи апсорбираат до трипати повеќе зрачење од возрасните. Се наведува и дека човечкиот мозок ќе се намали, а како причина се наведува дека опстанокот повеќе не зависи од големината и силата, поради што ќе се намалуваме како вид.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе