Како ќе патуваме со авион во ковид иднината?
Од сите индустрии врз кои се одрази пандемијата со коронавирусот, авиоиндустријата е најтешко погодена.
Според Меѓународната асоцијација за авионски сообраќај, приходите од авиопатници се проценува дека паднале за 300 милијарди од 2019 година.
Во корона иднината на социјално дистанцирање, авионите не се дизајнирани за да може патниците да се оддалечени 1,5 до 2 метри.
Сепак, авиокомпаниите преземаат драстични мерки и спроведуваат строги хигиенски мерки за да привлечат повеќе патници во време кога луѓето стравуваат да патуваат со авион.