Како Марк Волберг со исцрпна диета се здебели за филмска улога

Познатиот холивудски актер Марк Волберг неодамна гостуваше во „The Tonight Show“ на Џими Фалон каде откри како изгледал процесот на зголемување на телесната тежина за улогата, опишувајќи го целото искуство како „многу тешка задача“.

50-годишниот актер мораше да се здебели поради улогата во филмот „Father Stu“, поради што внесувал минимум 11.000 калории на ден.

„Во првите две недели од диетата консумирав околу 7.000 калории на ден, а вторите две недели околу 11.000 калории на ден. Воопшто не беше забавно. Тоа е многу тешка задача. Слабеењето е различно - намалете го внесувањето на храна и редовно вежбајте Но, ова... Дури и кога сте сити, мора да продолжите да јадете. На пример, јадев на секои три часа за да се здебелам“, рече актерот.

Remote video URL

Тој додаде дека на постарите луѓе им е многу потешко да се здебелат и ослабат, наведувајќи го метаболизмот како главна пречка: „Но, чекав шест години за да го снимам овој филм. Имавме само 30 дена за да го снимиме, морав да работам напорно за сè да оди според планот“.

Неговиот личен готвач Лоренс Дјуран на почетокот на јули откри како точно изгледале оброците на актерот:

„Рано наутро, околу 4-5 часот, јадеше четири јајца - пред појадок. Потоа одише да тренира еден час, а потоа се враќаше и јадеше осум јајца, шест парчиња сланина, чаша ориз, две лажици маслиново масло и протеински шејк. Потоа, три часа подоцна јадеше телешко месо и друга чаша ориз. За три часа повторно јадеше, половина пржено пилешко и уште една чаша ориз. После тоа, јадеше свински кременадли, лосос и уште ориз. Денот го завршуваше со голем оброк кој се состоеше од стек, риба, морски плодови и зеленчук“, објасни Дјуран.

Волберг, кој е поранешен рапер, од музичките во филмските води се префрли со дебито во во 1994 година, а потоа се прослави со „The Perfect Storm“ (2000), „Planet of the Apes“ (2001), „The Italian Job“ (2003), „The Departed“ (2006), „The Fighter“ (2010), „The Other Guys“ (2010), „Ted“ (2012), „Transformers: Age of Extinction“ (2014), „Ted 2“ (2015), „Daddy's Home“ (2015), „Daddy's Home 2“ (2017) и „Transformers: The Last Knight“ (2017).

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе