Како пијан Русин отвора врата на копче?
Камерите за надзор се прекрасна работа. Освен што помагаат во одржување на безбедноста на објектите, понекогаш „фаќаат“ вакви пресмешни сцени со пијани луѓе.
Овој пијан Русин три часа (да, цели три часа!) се обидува да отвори врата со сила за на крај да сфати дека се отклучува со притискање на едно копче поставено на видно место веднаш до вратата.