Како реагираше Путин за контроверзната изјава на Бајден?

Б.С.Б.
/ 18.03.2021 / 14:42

Рускиот претседател Владимир Путин, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, на американскиот лидер му посака добро здравје.

„Што се однесува до изјавата на мојот американски колега, ние навистина се знаеме лично. Што би му одговорил? Би му рекол да е жив и здрав, му посакувам добро здравје“, изјави Путин во текот на состанокот со претставници од Крим и Севастопољ.

Тој додаде дека ова го кажува без иронија или како шега.

Рускиот претседател во врска со острите изјави на американскиот претседател рече дека сите ги гледаат другите онака како што се проценуваат себе.

„Ако гледаме пошироко на таа тема, во историјата на секој народ, секоја држава има многу тешки, драматични и крвави настани. Но, кога ги оценуваме другите или дури и кога ги проценуваме другите држави, другите народи, како секогаш да се гледаме во огледало. Секогаш таму се гледаме себеси. Бидејќи секогаш на другиот го префрламе тоа што самите го чувствуваме, тоа што сме во суштина“, нагласи Путин.

URL

Според него, што се однесува до американскиот народ во целина, и таму има многу чесни, поштени и искрени луѓе кои сакаат да живеат во мир и во пријателство со Русија.

„Ние тоа го знаеме и во иднина ќе сметаме на нив“, вели рускиот претседател, пренесе Sputnik.

За потсетување, во интервју Џо Бајден на прашањето дали смета дека рускиот претседател е убиец, тој одговори „Да, го мислам тоа“.

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Свет

Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Read more

САД го запира издавањето визи за 75 земји

Read more

Иран заплени десетици Starlink антени

Read more

Макрон предупреди: Последиците би биле невидени кога би се загрозил суверенитетот на сојузниците

Read more
 

Вести

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Читај повеќе

Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Читај повеќе

САД го запира издавањето визи за 75 земји

Читај повеќе

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Читај повеќе

ДУИ за една изборна единица бара со праг од 5%, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД

Читај повеќе

Движењето ЗНАМ е за укинување на Пржинската влада и воведување една изборна единица

Читај повеќе
  • play_arrow

Иран заплени десетици Starlink антени

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев по лидерската: Изборен законик, Омбудсман, апанажи, патни трошоци, Кочани, Пржинска влада, минимална плата

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Читај повеќе