Како руските санкции се одразија врз европските авиокомпании?

Европа и Северна Америка ѝ воведоа куп санкции на Русија, но вратија и Русите, а поради големината на нивната зејма силно ги погодија авиокомпаниите.

Воздушното поврзување на Европа со Далечниот Исток трпи сериозни проблеми поради забраната која Русија ја воведе за користење на нејзиниот воздушен простор од страна на авиокомпании кои доаѓаат од земји кои воведоа санкции против Русија. Ваквите мерки руската Влада ги воведе како реципроцитет на санкциите од Западот.

На удар се европските и далекуисточните авиокомпании кои беа приморани да ги менуваат рутите на летање, а тоа значи дополнителни часови минати во воздух на нивните воздухоплови.

Така, ако од Париз до Пекинг се патуваше 11 часа и 5 минути, со новата рута која ја заобиколува огромната Русија патниците ќе мора да минат во авион дополнителни 6 часа и 5 минути. Но, тоа важи за летовите на Air France, а не и за летовите на кинеските авиокомпании. Кина е меѓу земјите кои не воведоа санкции за Русија, па така за нив рускиот воздушен простор е отворен.

Ако сакате да патувате од Лондон за Токио, наместо да ја прелетате речиси цела Русија од Санкт Петербург до Владивосток, сега мора да се лета преку Гренланд, Арктикот и Алјаска, или точно за плус 4 часа и 30 минути. Тука нема разлика дали летате со британска или јапонска компанија бидејчи и двете земји се на црната листа на Владимир Путин.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Лето 2025: Каде ќе поминете најевтин одмор во Грција?

Read more

Свет

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Read more

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Read more

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Read more

Шанса за мир: Кои се очекувањата од преговорите во Истанбул?

Read more
 

Вести

Пукал со воздушна пушка кон деца кои му береле цреши во дворот

Читај повеќе

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Читај повеќе

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Читај повеќе

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Читај повеќе

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Читај повеќе

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Читај повеќе

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Читај повеќе

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Читај повеќе

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Читај повеќе