Rimac Automobil вчера го претстави хиперавтомобилот од втората генерација по име Rimac Nevera.
Моделот го доби името по моќното медитеранско невреме кое беснее на отворено море во Хрватска. Резултат е на четиригодишен развој на моделот Rimac C_Two, кој со подобрувањата и подновувањата на сите компоненти и системи сега е претставен како продукциски модел.
Дизајниран, развиен и произведен во Хрватска, Nevera ќе биде хомологиран за целиот свет. Има неспоредливи перформанси со четири електромотори со вкупна моќност од 1.914 КС и вртежен момент од 2360 Nm.
Перформансите ги надминуваат првично планираните: максимална брзина од 412 км/ч, забрзување од 0-100 км/ч за помалку од две секунди, забрзување од 0-402 метри (четвртина милја) за 8,6 секунди.
Цената е 2 милиони евра, производството е ограничено на 150 единици, а испораките до клиенти започнуваат оваа година.
Ferrari го подготви моделот SF90 Stradale - хибриден модел што го напојува 4.0-литарски V8 битурбо мотор зад кој „стојат“ три електромотори кои комбинирано нодат 1.000 КС.
Од Маранело велат дека Stradale е најсилниот и најбрзиот производствен модел во долгата историја на Ferrari.
Кој беше побрз?